13.07.2007 Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере го оцени како успешен проектот "Техничка помош на Министерството за економија за подобрување на инвестициската клима во земјава". Според него, клучниот предизвик за развој на Македонија се странските вложувања.
– За да се привлечат странски инвестиции потребно е и оспособување на околината за функционирање на бизниси, како и стопирање на корупцијата. Токму во овој проект се истакнува што треба да се направи во оваа насока. Владата ги прифати сите препораки и се надеваме дека она што следува ќе биде позитивен резултат – рече евроамбасадорот Фуере.
Извор: Вечер |