17.08.2007 Договорот за купопродажба на рафинеријата ОКТА може да се поништи, ако се утврди дека при негово склучување имало корупција и злоупотреба на службената положба. Ова го тврди адвокатот Драган Малиновски, поранешен претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, во изјава за денешен скопски „Дневник“, додавајќи дека со тоа може да се одбегне плаќање на отштета. Државната комисија за антикорупција во поранешниот состав, во 2003 година, поднесе иницијатива за кривичен прогон, откако оцени дека договорот за купопродажба на ОКТА е „коруптивен акт“, изјави Малиновски. |
Дополнително, Македонија може да поднесе тужба против ОКТА за суспендирање на меѓународни еколошки стандарди, што предизвикува сериозни последици по здравјето на луѓето, вели адвокатот Малиновски.
Извор: Макфакс |