05.09.2007 Продажбата на ОКТА, што се актуелизира со пресудата на судот во Париз е најматен, а конечното објавување на имотните листови на функционерите, најбистар настан во август годинава. Најматен во август, според 10 главни уредници, е случајот на скопската Рафинерија ОКТА, што повторно се актуелизира по пресудата на Арбитражниот суд во Париз, Република Македонија на Хеленик петролеум да му плати 53 милиони долари. |
Продажбата на ОКТА речиси од првиот ден е следена со отворени сомневања за корупција и склучување на штетни договори, но до денес не е ништо направено за разјаснување на состојбите.
Случајот ОКТА, од продажбата до денес, беше во рацете на пет Влади – на Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Хари Костов, Владо Бучковски и на Никола Груевски. Ниту една од овие Влади не се осмели да го отвори случајот и покрај иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција. Неизвесно е да ли и сега случајот ОКТА ќе има правна завршница. Засега, пресметката се води на политичко ниво, меѓу опозицијата и власта, а не во институциите на системот. На второ место на листата најматни настани во август, со 5 гласа е случајот со хипотеки за хотелот „Изгрев“ во Калишта, покрај Струга. Хотелот е што е во сопственост на заедничка фирма на браќата Миладинови и на Македонската православна црква (МПЦ). се продава на лицитација поради намирување на хипотекарни долгови. Банката ЛХБ од Германија која на фирмата и дала кредит тврди дека е направен фалсификат во струшкиот катастар и дека е избришана од имотниот лист на должникот. Пред една година ЛХБ банка поднела жалба, второстепената владина комисија но се уште нема одговор. Со 2 гласа на трето место е продажбата на Термоцентралата „Неготино“. Таа е продадена на канадско бугарскиот конзорциум Хач, а грчкиот конзорциум Сенкап тврди дека понудил и повеќе пари и подобри услови. Одлуката за продажба ја потврди Второстепената комисија на Владата, но останаа сомневањата дека компанијата Хач е фаворизирана и поради влијание на фирми од Бугарија. Најбистар настан во август е конечното објавување на Анкетните листови за имотната состојба на избраните и именуваните функционери од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата е. Така се определија 10 главни уредници учесници во анкетата. Откако беа објавени анкетните листови на носителите на највисоките функции во државата, на пратениците, членовите на Владата и на носители на други високи функции предизвикаа јавни полемики и сомневања. Тужбата на Јавното правобранителство со која од судот се бара да се поништи приватизацијата на „Фершпед“, е на второ место на бистрите настани во август. Со тужбата до Основниот суд Скопје 2 правобранителството бара да се прогласи за ништовна одлуката од март 1991 година за издавање интерни акции за прибавување дополнителен капитал, одлука што е донесена од ЖТП ДОО „Фершпед“ од Скопје. Анкетата „Бистро – Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година. Во анкетата за август учествуваа телевизиите МТВ, А1, Сител ,Телма, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, Факти, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус. |