12.09.2007 Почитување на владеење на правото е целта на кампањата за јавна свест, започната денес од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Кампањата е планирано да досегне до широката публика преку телевизиите, пишаните медиуми и рекламните билборди. Исто така ќе бидат вклучени семинари и работилници за ученици и студенти.
„Фактот дека локалните медиуми го користат своите ударни термини за емитување соопштенија од јавен карактер е доста охрабрувачки. Би го нарекол ова важна инвестиција во иднината на оваа земја“- рече Амбасадорот Џорџо Радикати, главен на мисијата на ОБСЕ. |
„Овие телевизиски и радио канали можеа да го посветат своето значајно време за реклами. Наместо тоа тие избраа да ги искористат термините за спроведување на исклучително значајна порака: почитување на владеење на правото, или „играње според правилата“, кое што е придонес за граѓаните индивидуално како и на општеството во целина.
Медиските донатори вклучени во кампањата се: Алсат ТВ, Антена 5 радио, Радио Канал 5,Сити радио, Клуб ФМ, Фортуна радио, Националната телевизија- МРТ, Македонско радио, телевизија телма и компанијата за реклами Акцент– медиа. |