20.09.2007 Македонската Влада ја определи 2010 година како краен рок за исполнување на сите неопходни услови за пристапување во Европската унија (ЕУ). Ова денеска во Брисел го изјави вицепремиерот за евроинтеграции Габриела Конеска-Трајковска на состанокот посветен на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), неговата имплементација и на моделот на рамковните спогодби кое ќе се случат помеѓу земјите кориснички и Европската комисија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Конеска –Трајкоска ја истакнала целосната посветеност на Владата за обезбедување на сите неопходни ресурси за да се постигне ефикасно продолжување и завршување на процесот. |
Коневска-Трајковска, која е и Национален координатор за странска помош потенцираше дека Владата ги завршила навремено сите обврски за програмирање на помошта на ИПА. „Имајќи го в предвид огромното значење на ИПА за исполнување на амбициозната агенда на Владата, наскоро ќе се потпишат Рамковната спогодба, Финансиската спогодба и Финансиските одлуки кои ќе служат како основа за искористување на ИПА фондовите“, се вели во соопштението. Европската комисија на денешниот состанок детално ги презентирала правилата и механизмите за имплементација на ИПА.
Извор: Макфакс |