22.09.2007 Во Македонија постојат мала група луѓе што поседуваат огромни ресурси и ги користат на нетранспарентен начин да влијаат врз политичките процеси за да остварат сопствени цели. Поради тоа Светската банка во 2006 година ја оцени Македонија како заробена земја, рече Слаѓана Тасева, поранешна членка на антикорупциската комисија на вчерашната трибина на тема „Олигархијата и македонската транзиција“, која ја организира Стопанската комора на Македонија. Според Тасева, отсуството на регулатива во деведесетите и шурувањето на политиката и бизнисот во текот на приватизацијата, а и денес се главните причини за лошиот епитет „заробена земја“,со кој е оквалификувана Македонија. |
– Уставот е донесен во 1991 година, а кривичниот законик во 1996 година. Со отсуство на регулатива се создадоа услови огромен капитал да се акумулира кај поединци, кои го искористија за остварување на своите цели. Сите владејачки структури досега беа во спрега со олигарсите. Македонија ќе има третман на заробена земја се додека политичките партии се финансираат на нетранспарентен начин и се додека битните работи се решаваат далеку од очите на јавноста- вели Тасева. –Кљусев посочи дека во Македонија треба да се направи детална анализа зошто странски компании кои биле заинтересирани да инвестираат во земјава се враќале разочарани од средбите со политичари или од бирократски бариери. –Од неколку милијарди вреден општествен капитал, државата инкасира едвај 400 милиони марки по процесот на приватизацијата. Таа слика е жалосна. Меѓутоа, важно е што се почувствуваа сопирачки во однос на странските инвестиции во земјава. Комората треба да ги разоткрие кочничарите- рече Кљусев.
Извор: Време |