26.09.2007 Според Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2007 година, објавен денеска од страна на Transparency international – глобалната коалиција против корупцијата, поделбата на перцепираните нивоа на корупција во богатите и во сиромашните земји останува остра како и секогаш. Развиените и земјите во развој мора да ја поделат одговорноста за намалување на корупцијата и справувањето, како со страната која дава, така и со страната која бара мито.
„И покрај одредени придобивки, корупцијата останува огромно одлевање на ресурси кои се потребни за образование, здравство и инфраструктура“, рече Хјуџет Лабел, претседател на Transparency international. „Земјите со низок резултат треба да ги сфатат овие резултати сериозно и да дејствуваат веднаш за зацврствување на одговорноста во јавните институции. Исто така значајно е и дејствувањето од земјите со висок резултат, посебно во уништување на корупциските активности во приватниот сктор“.
|
Резултати за 2007 година
Индексот на перцепција на корупцијата за 2007 година ги опфаќа перцепциите на корупцијата во јавниот сектор во 180 земји и територии- ова е најголемата покриеност на земји од ИПК досега. Индексот е составен од 14 истражувања на експертски мислења. Индексот ги бодира земјите на скала од нула до десет, со тоа што нулата означува високо ниво на перципирана корупција, а десетката претставува ниско ниво на перципирана корупција.
Се уште останува евидентна силната врска помеѓу корупцијата и сиромаштијата. Четириесет проценти од оние со бодовен резултат под три, кадешто корупцијата е перцепирана како распространета, според Светската банка спаѓаат во земји со низок приход. Сомалија и Мијанмар го делат најнискиот бодовен резултат 1.4 додека Данска се доближи и го дели резултатот 9.4 со континуирано високо рангираните Финкса и Нов Зеланд.
Резултатите во ИПК за 2007 година се значително повисоки во неколку африкански земји. Ова ги вклучува Намибија, Сејшелите, Јужна африка и Свазиланд. Овие резултати го рефлектираат позитивниот напредок на анти- корупциските напори во Африка и покажуваат дека вистинската политичка волја и реформите можат да ги намалат перцепираните нива на корупција.
Други земји со значителен напредок се: Костарика, Хрватска, Куба, Република Чешка, Доминика, Италија, Македонија, Романија и Суринами. Земји со значително влошување на перципираното ниво на корупција во 2007 година се: Австрија, Бахран, Белизе, Бутан, Јордан, Лаос, Макао, Малта, Маурициус, Оман, Папуа и Нова гвинеја и Тајланд.
Концентрацијата на придобивки во југо-источна и источна Европа сведочи за пренесувачкиот ефект на процесот за влез во Европската Унија на борбата против корупција.
Одреден број на релативно сиромашни земји успејаа да ја задржат корупцијата на добро котирачко ниво во ИПК, вклучително со Боцвана, Капе Верде, Чиле, Доминика, Естонија, Гана, Самоа, Сенегал, Св. Лучија, Св.Винсент и Гренадини, и Уругвај. Тие докажуваат дека е можно да се пробие озлогласениот круг на сиромаштијата и корупцијата.
Истовремено, исклучително проблематични остануваат Авганистан, Ирак, Мјанмар, Сомалија и Судан, коишто остануваат на дното на Индексот. „Земјите коишто се растргнати од конфликти плаќаат голема цена за нивниот капацитет за управување. Со осакатени или непостоечки јавни институции, корустољубиви индивидуи се самопослужуваат со јавните ресурси, а корупцијата царува“- изјави Лабел.
Доброто управување започнува дома
Најсиромашните земји најмногу страдаат под јаремот на корупцијата. Нивна крајна цел и одговорност е да се справат со проблемот. Ниските бодовни резултати покажуваат дека јавните институции се значајно компромитирани. Првото барање од бизнисот е зголемување на транспарентноста во финансиското управување, од добиените приходи до трошоците, како и засилување на надзорот и крајно справување со корумпираните службеници.
Независен и професионален правосуден систем е критичен елемент за ставање крај на неказнувањето и за спроведување на непристрасно владеење на правото, како и подобрување на довербата на јавноста, донорите и инвеститорите. Ако судовите не се оние на коишто може да се потпре во однос на справување со корумпираните службеници или за помош во враќање на незаконски стекнато богатство, тогаш напредокот против корупцијата е малку веројатен.
„Партнерството со граѓанското општество и граѓаните е уште една суштинска стратегија за развој на земјите кои се стремат кон зацврстување на одговорноста на управувањето. Граѓанските организации играат витална набљудувачка улога и можат да помогнат во стимулирање на барањата за реформи и да овозможат експертиза за технички прашања“- рече Кобус де Свардт, управен директор на Transparency International. „Но сé повеќе, многу од владите се стремат кон рестрикција на оперативниот простор за граѓанското општество.“
Дополнително, многу земји не се способни да се справат со товарот на реформите сами. Во земји кадешто институциите од јавниот сектор историски се базирале патронажа, на зависност и непотизам, отколку на заслуга, реформите бараат време и дополнително инвестирање во ресурси и техничка помош. Како
значајни донори во помош на развојот, земјите со врвни резултати имаат специјална улога во поддржувањето на поголемата одговорност и институционалниот интегритет во земјите кои се зафатени од високо ниво на корупција во јавниот сектор. Техничката помош е клучна потреба во одредбите на Конвенцијата на ОН против корупцијата.
Корупцијата е проблем со глобални корени
Врвните резултати на богатите земји и територии, најмногу во Европа, источна Aзија и северна Америка, го рефлектираат нивниот релативно чист јавен сектор, овозможен од политичката стабилност, добро воспоставена регулатива за конфликти на интереси и за слобода на инфорации како и граѓанско општество слободно да спроведува набљудување.
Но корупцијата на високи службеници во сиромашните земји има интернационална димензија што навлегува и во врвните резултати на ИПК. Парите од мито често се задржуваат во мултинационалните компании стационирани во најбогатите земји на светот. Веќе не може да се допушти овие компании да прифаќаат митото на ивозните пазари како легитимна бизнис стратегија.
Дополнително, глобалните финансиски центри имаат стожерна улога во дозволување корумпираните службеници да ги движат, кријат или да ги инвестираат незаконски стекнатите богатства. Прекуокеанското финансирање, на пример, имаше критична улога во пљачкосувањето на милиони од земјите во развој како што се Нигерија и Филипините, олеснувајќи ги неделата на корумпираните лидери и осиромашувајќи ги оние со кои владеат.
Акере Муна, заменик претседател на Transparency International го истакна враќањето на украдените имоти како друга област подготвена за засилена акција од страна на развиените нации, забележувајќи дека: „Критицизмот од страна на богатите држави за корупцијата во сиромашните има мал кредибилитет додека нивните финансиски институции седат на богатствата украдени од најсиромашните земји во светот“.
Во многу случаи следењето на имотот и негово враќање е оневозможено од перачите на фондови преку прекуокеанските банки во правосудства каде што банкарската тајна се уште останува правило. Преку Конвенцијата на ОН против корупцијата приоритет треба да се даде на подобрување на меѓународната соработка и заемната законска помош, со спроведување на дејствија за враќање на имотите и развој на законски и технички експертизи кај нациите коишто бараат враќање на украдени имоти.
За многу земји, повратокот на фондовите ќе значи долго и широко парничење. „Дополнително за да се осигура соодветно законско финасирање, приоритет мора да бидат едноставните процедури за враќање и провизиите за трети страни кои дејствуваат како депозит за време на парничењето.
Дејствување веднаш: итни чекори
Како проблем на глобалната скала, со глобални корени, борбата против корупција бара дејствување на широк фронт.
|