17.10.2007 Македонија денеска ќе се прости од поп ѕвездата Тоше Проески. Погребот со највисоки државни почести ќе се изврши во родното Крушево во 13 часот. Со ова, како што соопштија вчера од Владата се согласило и неговото семејството. Владата веќе објави дека денот на погребот на 26 – годишниот Проески е прогласен за Ден на жалоста. Градот Крушево прогласи тридневна жалост.
"Транспарентност – Нулта корупција" изразува најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на Тоше Проески. |