30.10.2007 Четиринаесетчлениот Судски совет вчера почна со изборот на 18 судии за новоформираниот Управен суд. Од списокот со над 240 пријавени кандидати, членовите во претпладневниот дел ја направија првата селекција во која се пласираа сите оние што ги исполнуваат условите и добиле најмалку пет гласа од членовите. Доколку се случи над 18 кандидати да имаат ист број гласови, ќе има нов круг на гласање“, објасни вчера претседателот на Судскиот совет, Бекир Исени. Тој вели дека на листата има квалитетни кандидати и се надева дека ќе изберат добри судии. По исцрпувањето на оваа точка, Судскиот совет денес ќе продолжи и со изборот на судии за Апелациониот суд во Гостивар. |
Претседателот Исени се надева дека изборот на судии ќе заврши во најкус можен рок и посакува уште од 1 ноември новите судии да стапат на должност. „Во прашање се денови за конституирање на Управниот суд и веднаш ќе се почне со организирање обука на овие судии“, додаде Исени. Првиот човек на Судскиот совет избегна да одговори дали на почетокот на седницата одобриле одземање на имунитетот за еден судија. Неофицијално дознаваме дека станува збор за претседателката на ресенскиот суд, која се поврзува со злоупотреба на службената должност околу заверка на хипотека.
Извор: Утрински весник |