30.10.2007 Македонија е прва земја во регионот што ќе ја потпише Финансиската спогодба со Европската Комисија (ЕК) со што ќе може да ги користи средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Ова го соопшти Секретаријатот за европски прашања по повод денешното потпишување на Финансиската и Рамковната спогодба меѓу македонската Влада и Европската Комисија |
Според најавите, спогодбите во Скопје ќе ги потпишат вицепремиерот за европски прашања Габриела Коневска Трајковска и евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере. Првата Финансиска спогодба се однесува на таканаречената „брза програма“ што се однесува на проектот Реформи во полицијата и за поддршка во подготовката на проекти и програми во вредност од 12 милиони евра. Рамковната спогодба ја опфаќа соработката поврзана со финансиската помош на Европските заедници за Македонија во рамки на спроведувањето на помошта според ИПА.
Извор: Макфакс |