09.11.2007 Македонија за остварениот напредок во транзицијата во 2007 година доби оценка помеѓу 3,1 и 3,2, во извештајот што денеска го објави Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Просечната оценка е добиена врз база на девет индикатори, со кои се мерат структурните и институционалните реформи. Оценките се движат од најлоша 1 до најдобра 4+, која означува високоразвиена пазарна економија. |
Според извештајот, кој го следи напредокот на 29 држави, Хрватска е највисоко оцената со 3,6, пред Романија и Бугарија, кои се оценети со 3,5 односно 3,4. Албанија доби оценка 3,0, Црна Гора, 2,8, додека Србија и Босна и Херцеговина се оценети со 2,7. Најлошо се оценети Узбекистан (1,3), Белорусија (1,8) и Узбекистан (2,1), Таџикистан (2,3) и Азербејџан (2,6-2,7).
Извор: Макфакс |