13.11.2007 Македонија е земја со среден безбедносен и политички ризик за странските инвестиции. Ова го покажа студијата „Risk map 2008“ на консултантската куќа Control Risks, која оценува дека во речиси 60 насто од земјите во развој постојат сериозни закани за странските инвестиции во политичкото и безбедносното опкружување. Студијата ги дели земјите според политичкиот и безбедносниот ризик во четири групи и тоа земји со висок, среден, низок и незначителен ризик. |
Од европските држави, покрај Македонија среден безбедносен ризик имаат и Албанија, Грција, Франција, Италија, Казахстан, Молдавија, Србија, Шпанија и Туркменистан. Среден безбедносен ризик имаат и САД и Кина, а како високо ризични меѓудругите се оценети и Индија, Русија и Турција Низок безбедносен ризик од земјите во регионот имаат Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Словенија, а незначителниот ризик е резервиран за Андора, Финска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Сан Марино. И кај политичките ризици, меѓу кои е вбројуваат корупцијата, влијателните лоби групи, недостиг на законски гаранции и слаби политички институции, Македонија е сместена во групата со среден ризик, заедно со Албанија, Белгија, БиХ, Камерун, Кина, Иран. Пакистан, Србија, Сирија, Турција… Најголем политички ризик за инвестициите имаат Сомалија, Северна Кореа и Зимбабве, а во групата со незначителни ризици се сместени Андора, Британските Девствени отрови, Кајманските острови, Данска, Финска, Шведска, Нов Зеланд. Бугарија, Хрватска, Канада, Кипар, Грција, Унгарија, Романија, Словенија, Велика Британија и САД се меѓу земјите со низок политички ризик за странските инвестиции.
Извор: Макфакс |