21.11.2007 21 ноември 2007 означува десетгодишница од усвојувањето на Конвенцијата за борба против подмитувањето на странски државни функционери во интернационални бизнис трансакции од страна на држави- членки на организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР).
Општо позната како Антикорупциска конвенција на ОЕСР, Конвенцијата беше првата интернационална спогодба, којашто побара свтските водечки индустриски нации да го криминализираат подмитувањето на странските функционери. Таа стапи на сила во 1999 година.
Усвојувањето на конвенцијата од пред десет години беше голем исчекор напред. Меѓутоа ветувањето сеуште не е реализирано поради недостигот од политичка волја од страна на мнозинството од земјите- потписнички.
До денес, Конвенцијата е ратификувана од страна на 37 индустриски нации, коишто заеднички претставуваат околу 70 проценти од светскиот извоз. Конвенцијата препознава дека подмитувањето од страна на ОЕСР- базираните компании кои работат прекуокенаски игра значајна улога во поткопувањето на економските и политичките системи ширум светот. Со обраќање кон „доставната страна“ на интернационалната корупција, односно, давачите на мито, Конвенцијата е насочена кон елиминирање на изнудувањето и штетите направени од меѓуграничното подмитување во интернационалната трговија и инвестирање, особено во земјите во развој.
По повод десетгодишнината, италијанскиот премиер, Романо Проди и Генералниот секретар на ОЕСР, Ангел Гуриа беа домаќини на министри и други функционери на земјите- потписнички за висок степен и експертски состанок во Рим, Италија да дискутираат за борбата против странската корупција. Претседателот на ТИ, Хјуџет Лабел ќе одржи говор на овој настан- нејзината порака од страна на ТИ движењето: ова не е време за славење. Иако се случија значителни достигнувања, Конвенцијата страда од премало спроведување.