21.11.2007 Како што италијанскиот премиер Романо Проди и Генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) Ангел Гуриа беа домаќини на државници од целиот свет за прославата на десет годишнината од Антикорупциската конвенција на ОЕСР денес, Транспаренси Интернешнал (ТИ) се придружува во истакнувањето на значењето на оваа конвенција. ТИ исто така повика на силни мерки за да се осигура дека мнозинството од земјите потписнички конечно започнаа да ја спроведуваат Конвенцијата, забележувајќи дека има 37 влади- потписнички на ОЕСР конвенцијата, но суштинско придржување е постигнато од 14 од нив.
„Ова беше најважната и пионерска интернационална конвенција насочена кон смалување на подмитувањето на странски владини функционери од страна на мултинационални компании и успех е што ја имаме“ рече претседателот на ТИ Хјуџет Лабел. Таа истакна, „Треба да ја искористиме оваа десетгодишнина да убедиме повеќе од 20 држави со мала или никаква имплементација да преземат акција. Победата ќе дојде само преку целосна имплементација.“ |
Коментарите на Лабел ја отсликуваат загриженоста на глобалното движење ТИ со свои национални ограноци во повеќе од 100 земји. За време на годишната средба одржана доцна во Октомври, движењето ТИ усвои резолуција која вели дека иднината на ОЕСР конвенцијата е загрижувачка поради сериозниот недостиг од политичка обврзаност од страна на повеќе од половина од владите- потписнички.
Транспаренси Интернешнал ги повика владите- потписнички пруисутни во Рим денес да:
Преземат акција на миснистреско ниво за да обезбедат колебливите влади да се придржуваат без понатамошно одлагање; Спречат користењето на националните безбедносни состојби како причина што не го гонат надворешното подмитување и; Спроведат енергична набљудувачка програма се додека нема активно придржување од сите потписници.
Во коментарите подготвени за средбата во Рим денес, на којашто ТИ беше поканет, Хјуџет Лабел потенцираше дека „Стапувањето на сила на Конвенцијата беше исклучително достигнување. Тоа беше прв интернационален пакт што силно ги обврза светските индустриски нации на здружен напад на криминалот од корпорациите кои плаќаат мито на странски владини функционери. Не смее да се дозволи да доживее неуспех.“ „Гледајќи ги водечките извозни земји, наоѓаме зголемени агресивни истраги и прогони од страна на француски, германски и американски власти. Но сеуште немало сериозен прогон пред националните закони врз база на Конвенцијата во јапонија или Велика Британија“ забележа Лабел. Корпорациите исто така, треба да дејствуваат веднаш да ја прекинат практиката на „подмачкување“ или таканареченото олеснително плаќање коешто е всушност подмитување.
Додека Германија демонстрираше ревност во истрагата и прогонот на СИМЕНС за масивна интернационална корупција, британската влада ја прекина истрагата за наводното големо скалесто подмитување од страна на БАЕ Системс за да си обезбеди договори во саудиска Арабија со неприфатлив изговор дека ова ја загрозувало националната безбедност. Конвенцијата не содржи одредби за исклучоци заради национална безбедност. Неодамнешната пресуда од страна на бристанскиот Висок суд којшто нареди целосен судски преглед на одлуките на британската влада за прекин на истрагата по обвинувањата за подмитување од страна на БАЕ е позитивен развој.
Посочувајќи ги придобивките од имплементацијата, лабел изјави дека „успехот на Конвенцијата може да вроди големи придобивки, спречувајќи ја доставната страна на интернационалното подмитување и корупција, на пример, придонесувајќи за намалување на сиромаштијата кај многу нации. Неуспехот, исто така подразбира стета за курсот на економскиот развој и интернационалната размена“- рече Лабел.
Нема докази коишто покажуваат дека имало одбивање на доставната страна за корумпирани владини функционери од страна од бизниси, уште од договарањето на конвенцијата во 1997 година. Ова и покрај фактот дека лидерите на Г7 најголеми индустриски земји праведно и повеќекратно повикаа за поголема интернационална акција за спречување на корупцијата и зголемувањето на јавната загриженост резултираше во 2003 со усвојување на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации. Дополнително, зголемената поддршка за бизнис принципите за справување со корупција на ТИ од страна на корпорациите покажува дека повеќето фирми би подравиле појако спроведување на ОЕСР Конвенцијата бидејќи повеќе преферираат да се натпреваруваат на фер и чесен терен отколку на пазари преполни со подмитување и пречки. |