23.11.2007 Денес, во просториите на Државната комисија за спречување на корупција, г-ѓа Марија Луиза Солва Мехиас, постојан координатор/ постојан претставник на UNDP и г-ѓа Мирјана Димовска, претседател на комисијата, потпишаа меморандум за разбирање за отпочнување на медијска кампања за подобрување на разбирањето и свесноста на граѓаните од негативното влијание на корупцијата за ефикасно и транспарентно обезбедување на јавните сервиси.
Телевизискиот спот е производ на UNDP а е прифатен од ДКСК. Ќе биде прикажуван на македонски и албански јазик. Речиси сите телевизиски станици со национална концесија : Телма, Сител, канал 5, Алсат, МТВ1 и МРВ 2 обезбедија слободен медиумски простор, изразувајќи голема поддршка на оваа значајна иницијатива. Емитувањето на ТВ спотот започнува на 26 Ноември 2007, понеделник и ќе трае до 9-ти декември 2007, светскиот ден за борба против корупцијата.
Обединетите Нации ја усвоија Конвенцијата против корупција, којашто Македонија ја потпиша на 18-ти Август 2005г. Конвенцијата е првиот законско- обврзувачки интернационален антикорупциски инструмент и обезбедува единствена можност да овозможи глобален одговор за глобален проблем.
„Според гледиштето на ОН,а и добро е познато дека корупцијата ги поткопува демократијата и владеењето на правото, води кон нарушување на човековите права и дозволува организираниот криминал другите закани за човековата сигурност да цветаат“- рече г-ѓа Марија Мехиас на церемонијата по повод потпишувањето, додавајќи дека „Корупцијата е една од главните причини за слабата економија, неправилните пазари и е главна пречка за олеснување на сиромаштијата и развој. Она што помалку се споменува е тоа дека корупцијата исто таканепропорционално ги погодува сиромашните преку свртување на фондови наменети за развој, поткорување на владините можности да обезбедат освовни сервиси, потхранувајќи ги нееднаквоста и неправдата и обесхрабрувајќи странска помош.“
UNDP дејствува пошироко во областите на антикорупцијата на централни и локални нивоа преку партнерството со ДКСК. Дел од овие заложби вклучуваат подготовка на Кодекс за однесување на локалната замоуправа што е веќе прифатен од страна на повеќе од 30 општини.
„Еднакво важно, великодушноста на ТВ станици што се понудија да ја емитуваат оваа кампања бесплатно е демонстрација на еднаквата одговорност што сите ние ја имаме во борбата против корупција. За да биде упешна сите ние треба да се вклучиме на лично и општествено ниво. Владата има мошне важна одговорност во водењето на општетсвената моќ против корупцијата. Но не станува збор само за државна одговорност. Сите ние имаме улога. Сите ние можеме да кажеме „не“ за корупцијата “ ситакна г-ѓа Силва Мехиас.