06.12.2007 – Берлин. Според Глобалниот барометар за корупцијата на Transparency International за 2007, сиромашните држави се најсилно погодени од побарувањата за мито, како во развиените, така и во земјите во развој. Истражуањето на јавното мислење, објавено денеска пред Интернационалниот Анти-корупциски ден на 9-ти декември, исто така покажа дека граѓаните во земјите низ светот продолжуваат да ги гледаат политичките партии и парламентите како институции најкорумпирани од корупцијата.
Барометарот кој испитува 63,199 испитаници во 60 земји, нуди широк спектар на информации од заедничките искуства во врска со корупцијата, вклучувајќи го и тоа, кои институции најчесто бараат поткуп, каде граѓаните гледаат најголем степен на корупција и како тие гледаат на идниот развој на корупцијата како и на напорите на нивните влади да ја искоренат.
Анализа на состојбите со поткуп – ТНК 179.74 Kb
Често_поставувани_прашања_за_ГБК_мак 154.97 Kb
GCB_2007_presentation eng 294.40 Kb
„Оваа година Глобалниот барометар за корупцијата јасно покажа дека премногу често луѓето мораат да се простат со нивните тешко заработени пари за да платат услуги коишто би требало да се бесплатни“, рече претседателот на Transparency International Хјуџет Лабел. „Исто така тие не гледаат доволна обврзаност кога ќе ги погледнат своите влади и водачи. Охрабрени сме бидејќи јавноста зголемено бара одговорност од институциите кои најмногу влијаат на нивниот живот, со тоа што ова е моќен двигател на промените.“
Поткуп: Данок за сиромашните семејства насекаде
Глобалниот барометар за корупцијата на TI за 2007 покажува дека сиромашните се најчесто соочени со барања за поткуп, како во богатите така и во сиромашните земји. Изнудувањата ги погодуваат домаќинствата со низок приход со регресивен данок што ги исцрпува недоволните домашни ресурси.
Повеќе од еден во десет испитаници пријавиле дека морале да платат поткуп во минатата година за пристап до одредена услуга. Земјите со највисоко ниво на ситно подмитување се Албанија, Камбоџа, Камерун, Република Македонија, Косово, Нигерија, Пакистан, Филипините, Романија и Сенегал кадешто најмалку 30 проценти од испитаниците пријавиле дека морале да платат поткуп.
Прашани за справувањето со услугите, телефонските и сервисите за природен гас, се оние што најмалку бараат поткуп, додека пак спроведувачите на законот се најчестиот извор (на 25 проценти од испитаниците кои биле во контакт со полицијата, им било побарано да платат мито) како и судовите, втор најчест извор ширум светот.
Корумпирана полиција и судство значи негирано право
„Барометарот открива дека полицијата и судството во многу земји ширум светот се дел од цилкусот на корупцијата, барајќи поткуп од граѓаните“, рече Интернационалниот управен директор на TI Кобус де Свардт.
„Овие вознемирувачки наоди значат дека корупцијата се меша во озновните права за еднаков третман пред законот.“
Oваа година Transparency International спроведува силна кампања против корупцијата во судството, базирана на Глобалниот барометар за корупцијата за 2007. Овој извештај детално прикажува како поткуп влијае на судовите- судиите и другиот судски персонал што прима поткуп за да одложува или забрзува случаи, за да дозволи или одбие жалба или да одучи за случајот на одреден начин. Глобалниот барометар за корупцијата за 2007 исто така вклучува податоци од истражувања спроведувани од 2002 година кои покажуваат дека на пример, 96 проценти од испитаниците во Пакистан кои стапиле во контакт со пониските судови се соочиле со коруптивни практики, додека пак во Русија, како што се проценува 210 милиони американски долари ќе се плаќаат годишно во судовите.
Поткупот по сектор: Регионална перспектива
Иако глобално полицијата е онаа институција што најчесто е посочувана за побарување мито, има значителни разлики по региони. Во земјите од поширокиот ЕУ регион, медицинските услуги се издвојуваат како најсекојдневен извор на побарувања на мито. Во Латинска Америка, Азија Пацифик и Северна Америка, ситниот поткуп во судството претставува сериозен проблем. Во Африка и земјите со новостекната независност (Русија, Молдавија и Украина) пак, поткупот е најприсутно во образованието и здравствениот сектор, што се витално значајни за човечкиот развој.
Ситниот поткуп забележува пораст од 2006 до 2007 година во одредени региони како што се Азија- Пацифик (22 проценти од испитаниците пријавиле дека платиле поткуп за да добијат услуга, во споредба со претходните 15 проценти) и Југоисточна Европа (12 проценти, во споредба со претходните 8 проценти). Африка забележува мало намалување (42 проценти, во споредба со 47 проценти).
„Овие трезвени бројки ги потенцираат застрашувачките реални сценарија во светот кадешто парите се изнудуваат од невините граѓани во многу чувствителни ситуации, како што се итни медицински случаи или кога се жртви на криминал“, рече Хјуџет Лабел. „Вкоренетото подмитување нанесува длабоки и трајни рани на општеството, уништувајќи ја вербата во оние што владеат.“
Политичките партии остануваат најпогодени од корупцијата
Барометарот исто така ги прашува граѓаните кои институции тие ги гледаат како најпогодени од корупција. Година по година, политичките партии и парламентите- токму оние институции на кои им е доверено да го застапуваат јавниот интерес во донесувањето на политички одлуки- го заземаат првото место.
„Нашето искуство покажа дека заложувањата на врвот се она што ќе ги направат или спречат напорите за борба против корупцијата, “рече де Свардт. „Овие вознемирувачки бројки покажуваат дека владите се соочени со кризи на легитимитет, со потенцијалното потценување на демонстрацијата, стабилноста и заштитата на човековите права.“
Институциите што се проценети како најдобри во очите на обичните граѓани беа религиозните тела и невладините организации. Иако сеуште релативно чисти, перцепцијата на НВО е влошена глобално во споредба со резултатите од истражувањата во 2004 година, како и перцепцијата на приватните компании, што покажува дека овие два сектора се под зголемен јавен притисок да покажат транспарентност и одговорност.
Јавноста подготвена за промени
Очекувањата на јавноста околу распространувањето на корупцијата во иднина се бесперспективни во споредба со Барометарот за 2003, кога 54 проценти од испитаниците чувствувале дека корупцијата ќе порасне во годината што доаѓа, а четири години пред тоа тој процент бил 43. Во 2007 година, само еден од пет испитаници очекува нивото на корупцијата во блиска иднина да се намали.
Филипините и Индија се исдвоија како најпесимистички земји, со повеќе од 79 проценти од испитаниците кои очекуваат зголемување на корупцијата. Помеѓу најпесимистичките земји се и: Германија, Сенегал, Јужна Африка, Холандија и Велика Британија. Но, негативниот став не е универзален: интервјуата во Бугарија, Гана, Република Македонија, Нигерија и Сингапур беа одлучно оптимистички, со верба дека во иднина нивото на корупцијата ќе опадне.
Владите не прават доволно
Ставовите за антикорупциските напори на владите беа слични во однос на идните очекувања за корупцијата, при што повеќе од половина од испитаниците ги оценија своите влади како неефективни. Само еден од тројца анкетирани почувствувале дека нивната влада е ефективна во борбата против корупцијата.
Широката јавност беше, во просек најскептична во Северна и Латинска Америка , ЕУ регионот и Азија- Пацифик. Северноамериканците и Европјаните негативно гледаат на владините напори и покрај ниското ниво на ситното подмитување, сугерира дека тие се загрижени за проблемот на големата корупција и празнината помеѓу големата уцена што беше објавена и заложбите да се направи нешто во врска со тоа. Недостигот на експлицитен пристап за справување со корупцијата во земјите на север може дополнително да ја влоши загриженоста на јавноста.
Посебно, некои од испитаните африкански земји покажаа докази за многу поголем оптимизам отколку во државите на Северна Америка и Европа. Богатите земји посебно треба да слушаат што велат нивните граѓани и да прифатат опсежни антикорупциски пристапи дома, она што со години наназад го бараат од земјите кои примаат помош.
Жените поголеми песимисти
Деталните анализи откриваат дека жените се малку поголеми песимисти отколку мажите во однос на идните нивоа на корупцијата. Ова е спротивно на еден наод на Барометарот за 2007, имено дека жените во помалку сличаи би платиле мито отколку мажите , иако ова може да бите дополнето со половите разлики во типот и зачестеноста на контактите со институциите.
Барометарот наспроти Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК)
Наодите од Глобалниот барометар за корупцијата 2007 покажуваат силна корелација (0.66) помеѓу искуствата со корупцијата меѓу обичните граѓани и перцепцијата на корупцијата од експертите, што претставува основа за Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК), мерниот инструмент на TI . Оние земји кадешто луѓето од бизнис заедницата, аналитичарите и експертите ја согледуваат корупцијата како широкораспространета се истите оние, каде што во просек во поголема мера граѓаните плаѓаат поткуп за пристап до услугите.
Заклучок: Не треба само владите да работат напорно
„Да се спроведат ветувањата во акција е есенцијално ако сакаме антикорупциските заложби да имаат влијание врз животите на обичните луѓе. Владите се клучни за да се направи добро во обврските за борба против корупцијата. Но владите не се сами во оваа одговорност. Потребно е да се види конкретна акција од граѓанското општество како и од приватниот сектор“, заклучи Претседателот на TI, Хјуџет Лабел. „Луѓето се казнети со митото и незадоволни од корупцијата за која веруваат дека ги мачи клучните јавни институции и сервиси. Тие заслужуваат иднина без корупција. Глобалниот корупциски барометар за 2007 е повик за будење, потсетник дека луѓето низ светот се повеќе бараат да се спречи корупцијата и нејзината ужасна цена.
Забелешка:
Глобалниот барометар за корупцијата ги отсликува наодите од истражувањето на јавното мислење коешто се однесува на перцепциите и искуствата во однос на корупцијата. Оваа година 63,199 луѓе од 60 земји и територии беа интервијуирани за целите на истражувањето помеѓу јуни и септември 2007. Барометарот е истражување кое се спроведува годишно од 2003 година за Transparency International од страна на Gallup International асоцијацијата како дел од истражувањето Гласот на народот.