07.01.2008 Предлог законот за енергетика е најматен, а правосилната пресуда за Владислав Тамбурковски, најбистар настан во декември 2007 година.Ова е оценка на главните уредници во 18 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – Нулта корупција“.
Најматен настан во декември, според 7 главни уредници, е новиот енергетски концепт кој го предлагаат македонските власти, за што сериозна загриженост изрази Европската Комисија (ЕК). Брисел смета дека од државните електрани ЕЛЕМ се создава големопродажен монопол, што е во директна спротивност со европските закони.
ЕК ги покани македонските власти во јануари во Брисел со цел детално да ги образложат аргументите за новиот Закон за енергетика. Реакција стигна и од македонската јавност и невладини организации, кои обвинија дека Предлог законот за енергетика е донесен крајно нетранспарентно, без јавна расправа, а содржи одредби со кои во фаворизирана положба се ставаат одделни субјекти.
На второ место на листата најматни настани во декември, со 5 гласа се најде случајот со градоначалникот на Богданци Ѓорѓи Петрушев, кој не се повлекува од функцијата, иако е осуден на две години затвор условно. Пресудата станала правосилна на 18 октомври и со тоа, според законот за локална самоуправа, автоматски му престанал мандатот на Петрушев.
Со четири гласа на трето место е необјавувањето на податоци од страна на функционерите, за тоа каде и колку поседуваат акции. Функционери се должни да пријават не само колку акции имаат, туку и нивната вредност, во која фирма ги поседуваат посочените акции, како и поврзаност со други фирми. Случајот се актуелизира откако опозицијата објави дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, во анкетниот лист, кој го објавил со задоцнување од девет месеци, навел дека поседува и акции во вредност од 300.000 евра, без да е посочено во кои фирми.
Два гласа доби случајот Бекир Исеини, кој наместо да биде испратен во пензија, без образложение избран е уште една година да ја врши функцијата претседател на Судскиот совет.
Најбистар настан во декември 2007 година, со 11 гласа, е одлуката на Скопскиот Апелациски суд со која ја потврди пресудата за Владислав Тамбурковски. Ова е прва пресуда за поранешниот стечаен управник која станува правосилна, a според која тој треба да одлежи во затвор пет години. Останува надлежните да ја спроведат постапката и во рамки на процедурите за меѓународна правна помош и ратификуваните меѓународни договори и конвенции да побараат “професорот по стечај” да ја издржи својата правосилна казна во неговата држава.
Довербата во Владата за борба против корупцијата со седум гласа е на второ место од најбистри настани за месец декември. Глобалниот барометар на корупцијата 2007 објавен од Transparency International, опфати над 63.000 граѓани од 60 држави, од кои 1.300 граѓани на Македонија. Она поради што објавените резултати може да се сметаат за позитивни е високата доверба на 61 процент од испитаниците во напорите на Владата за борбата против корупцијата.
Анкетата „Бистро – Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година. Во анкетата за август учествуваа телевизиите МТВ, А1, Сител ,Телма, Канал 5, Алсат радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.