17.01.2008 „Транспарентност – Нулта Корупција” со внимание ја следи состојбата и процесите за приватизација и либерализација во сферата на електростопанството, кои се имплементираат преку менување на законите во оваа сфера.
“Транспарентност- нулта корупција” организира јавна дебата на тема: Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика. Јавната дебата ќе се одржи на 17. 01.2008 г. (четврток) во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје со почеток во 12 часот.