25.01.2008 Речиси 140 држави членки на Обединетите нации се упатија кон Бали да ја започнат конференцијата на 28 јануари во всрка со иднината на Конвенцијата против корупција на ОН (UNCAC), глобалната мапа за искоренување на корупцијата- Transparency International (TI) се застапува за осигурување дека владите ќе ги исполнат своите обврски и ќе ја имплементираат Конвенцијата. Претседателот на TI Хјуџет Лабел предупредува дека: „без развој на конкретен план за проценување на напредокот на земјите во имплементација на спогодбата, Конвенцијата ќе остане само мртва буква на хартија , одземајќи го најчуствителното од шансата за подобар живот“.
Transparency International (TI) ќе го застапува врвното раководство, како и околу 30 претставници на националните поглавја и тие ќе работат во склоп на коалицијата на групите на гражанското општество, вклучително со Oxfam како и Институтот за безбедносни студии. Transparency International (TI) и Коалицијата ќе треба да извршат притисок на владите на донесат конкретни, акциски решенија, не само за механизми на прегледување, туку и решенија за враќање на имот украден од корумпирани лидери, а сочуван во странство. Групата ќе се фокусира и на дополнителни прашања за техничка асистенција за земјите со низок приход за имплементација на Конвенцијата и посилни мерки за заштита и вклучување на граѓанското општетство. Пред средбата на потписниците на Конвенцијата, така наречената Conference of State Parties (CoSP), Transparency International (TI) издаде позициски документ со специфични долгорочни технички препораки, фазна проценка на прогресот на државите. Документот нотира дека во глобализиран свет, UNCAC нуди единствена глобална рамка за соработка и антикорупциски мерки, поставувајќи универзално прифатливи стандарди за дејствување на владите.
Напорите за процена на прогресот на државите, иако само- извештаен беше матен со учество на едвај половина од потписниците. „Нашата работа покажа дека само преку транспарентна програма за заемна евалуација, земјите ќе го земат овој инструмент сериозно , и сериозно ќе го имплементираат“, рече Гилијан дел од Transparency International. „Затоа ние притискаме за дати и конкретни планови за тоа како државната ќе го процени успехот на својата имплементација. Средбата овде во Индонезија е вистинскиот момент“.
Коментирајќи ја загриженоста на некои земји, Дел продолжи: „Факт е дека ова е можност за владите да ја покажат својата одговорност и својата обврзаност во борбата против корупцијата“.
Недостигот од владините заложби сеуште е проблем за UNCAC, на пример неуспехот на државите членки на Г8 Германија, Италија, Јапонија да ја ратификуваат Конвенцијата 4 години по потпишувањето и покрај многубројните Г8 самити и заложби да се направи тоа. Одсуството од ратификација од страна на глобалните финансиски центри Сингапур, Швајцарија и Лихтенштајн исто така става сомнеж за нивната обврзаност за интегритет на финансискиот пазар. Многу од земјите потписнички не направија дури ниту напор да пратат свој претставник на конференцијата на Бали.
Освен ратификацијата, TI исто така го брза приватниот сектор, чиишто активности се предмет на одредбите на Конвенцијата и на чиишто интереси користат, да ја подржат активно UNCAC и силниот механизам за проценка. Вклучувањето на граѓанското општетство останува клучно за успехот на конвенцијата, во усвојувањето, имплементацијата како и проенката. Нивното учество заштитено во Конвенцијата, но волјата на државните страни да го гарантираат ова е нееднаква, некои влади покажуваат директно насилство кон граѓаните кои ги користат своите права да изразат спротиставено мислење. С
Од 28 јануари до 01 февруари Конференцијата ќе претстави специјални сесии со добро познати филмски и музички артисти, претставници од граѓанското општетство, приватниот сектор и новинари за дополнување на тематските компоненти во врска со прашањата за превенција и криминализација на корупцијата и спроведување на новите регулативи кои подлежат на Конвенцијата.
Ризикот останува висок , земјите ќе останат заклучени во дефанзивен сомнителен режим, кој ќе ги поткопа најдобрите шанси за глобални промени во она што претставува меѓуграничен феномен. Позицискиот документ на TI заклучува дека без мониторинг , постои висок ризик дека конвенцијата ќе стане уште еден пример за неисполнети високи очекувања.