28.01.2008 Владата сепак го послуша Брисел и експертите. Владата денеска го испрати Законот за енергетика со препорачаните измени на Брисел. “ЕЛЕМ нема да има функција снабдувач на големо“, рече вицепремиерот Зоран Ставревски.
“Предложивме измени врз основа на она што го договоривме во Брисел и денеска ги испративме“ соопшти Ставревски.
Измените на законот не биле повлечени од собрание. Пратениците ќе можат да го гласаат со предложените измени, ако Брисел даде зелено светло за предлозите на Владата. Одговор се чека за два, три дена.
Од Брисел предложија измени на владиниот предлог, Државните електрани да ја произведуваат и продаваат струјата. Тука препорачаа амандмани.
Извор: Нетпрес