12.02.2008 Transparency International (TI) започнува со номинации за да ги истакне извонредните индивидуалци и организации кои се борат против корупцијата.
TI, глобалната организација за антикорупција со национални ограноци во приближно 100 земји, повикува за Номинации за награда за Интегритет.
Во чест на индивидуалците и организациите кој што демонстрираа исклучителна храброст и извонредни лидерски способности во борбата против корупција овие награди ќе се доделат.
Ова значи предизвик за институциите и индивидуалците кој што многупати поседуваат огромна моќ.
“Сите се согласуваат дека корупцијата е чума, но не сите знаат што да прават со истата, како да се борат против неа, со што треба да се борат”-истакна Шон Асидон , претседателот на Номинациите за награда за интегритет. “Борењето против корупцијата може многу често да биде комплицирано или опасно. Ние имаме намера да ги препознаеме тие кој низ креативност и храброст, многу често и двете отколку ниедна, не се препуштаат себеси да си дозволат прогонување од нашето општество и смело се борат против корупцијата.
Секоја година TI добива значаен број на предлози за кандидати кој ги жртвувале своите животи и нивните приходи за живот, во име на правдата, транспарентноста и интегритетот. Победници доаѓаат од Азија и Африка, Европа, Латинска Америка и Блискиот Исток. Тука се вклучени новинари и јавни обвинители, сметководители, владини службеници, и лидери на граѓанското општество.
Лансирани во 2000 година , целта на Номинациите за награда за интегритет е да понудат поголемо признание и поддршка за тие кој што ја истражуваат и демаскираат корупцијата, многу често на свој личен ризик. Победниците се извор на инспирација бидејќи нивните акции одекнуваат заедничка порака : корупцијата е совладлива.
Комитетот на Transparency International за Номинациите за наградите за интегритет содржи 11 индивидуалци од светот кој биле активни во антикорупциското движење многу години. Тие се комисијата за Наградите и се советуваат со Бордот на директори на TI.
Номинациите за наградите за интегритет за 2008 година се примаат до 31 август 2008. За подетални информации повелете на : www.transparency.org/integrityawards