14.02.2008 Осло, Норвешка : Поранешниот раководител на градските водоводни служби бил осуден на 8 години затвор и му било наредено да плати 11. 5 милиони долари компензација минатата недела.
Иван Хенриксен, 70 години, бил осуден за систематско проневерување парични средства од неговиот работодавач, како и присуство на корупција повеќе декади. Неговиот син бил осуден на 5 години затворска казна, а другите двајца соработници на 3 години и 6 месеци, и 20 месеци за нивната вмешаност во случајот. Сите имаат две недели за жалба.
Полицијата за економски криминал изјави дека Хенриксен искористил некои приходи да изгради приватен терен за лов во Јужна Африка, кој судот одреди да се одземе, исто така купувал опрема, приватни набавки за зградата и возен парк од автомобили за приватна употреба, од кој повеќето сега се продаваат од водоводниот погон. “Никогаш не сум сретнал толку стриктна осуда за корупција” изјавил јавниот обвинител при полицијата за економски криминал Ларс Стоненберг. Додека се одвивало судењето Стоненберг изјавил – “Ова е најлошиот случај на корупција кој некогаш бил изнесен пред Норвешкиот суд”. Хенриксон, кој изјавил дека не е виновен за ниедно обвинение, бил раководител на водоводни погони на две југоисточни Норвешки општини.Бил осуден за проневерување парични средства, како што се лично купување на водоводни цевки, и злоупотреба на авторитетот за плаќање на сметките 10 пати повеќе од потребното на негови или компании соучеснички. Судот изјавил дека се прикажала “ долгогодишна стратегија ” за претурање на парични средства.
Неговиот правобранител Елзе Буге Фугнер изјавила дека казната е предолга за клиент во негови години, но истакнала дека мора да го разгледа судските норми пред да поднесе жалба.
Извор: The Associated Press