19.02.2008 Брисел, Извршната власт на Европската Унија во четвртокот се закани дека некој од членовитe , вклучувајќи ги Германија и Австрија, ќе бидат на суд за нивниот неуспех за правилно водење на сметководтсво од потрошувачките фондови на Европската Унија.
Европската комисија истакна дека двете земји не ги испратиле своите изводи да бидат достапни за ревизијата и изјава за тоа како фондовите за регионален развој на ЕУ биле трошени во 2007 година, и ова е првата година кога е побана ваква процедура.
Непотполно известување исто така им било пратено од Чешка, Грција, Ирска, Луксембург, Шпанија и Белгија, портпаролот на комисијата, Ева Калузинска истакнала на дневниот брифинг за вестите.
“Доколку не одговорат, ќе се соочат со можна процедура за непочитување на законот а ние нема да се двоумиме да го искористиме тоа” истакна Ева Калузинска, повикувајќи се на судските процеси во Луксембург – каде што е седиштето на Европскиот Суд за Правда. Земјите имаат еден месец да одговорат. Судот може да пресуди големи парични средства на земјите кои ќе ги прекршат законите на ЕУ.
До оваа година, владите на ЕУ и доставуваа на Комисијата само лимитирани ревизиони извештаи за тоа како се трошат регионалните фондови за помош, чиј што буџет изнесува 120 билиони евра, односно една третина од блокот составен од 27 земји.
Овој недостиг на транспарентност и позитивни ревизорски извештаи го наведе буџетскиот контролор, Европскиот Суд за ревизија, да одбие уредни сметки за здравство од буџетот на блоковите 13 години по ред, давајќи силни аргументи на противниците за интеграцијата на Европската Унија.
Притиснати од Комисијата, Владите на ЕУ се согласија минатата година да достават чисти докази за тоа како се трошат фондовите на проекти, како што се градење автопати, чистење на околината и индустриски прегледи.
Калузинска истакна дека Австрија и Германија ја оспоруваат методологијата на Комисијата, односно какви се информации треба да се достават.
Извор: Ројтерс