20.03.2008 Стартува битката за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. Германците од РВЕ први лобисти на терен. Директно од Минхен дојдоа во Прилеп и Кавадарци, лично на локалните власти да им пренесат дека се сериозни за бизнисот тежок 500 милиони евра. Во бизнис круговите оваа компанија важи за владин фаворит. Потпретседателот на компанијата не крие дека за овој проект веќе разговарале со премиерот, вицепремиерот и претставник од ЕЛЕМ:
– Се надевам дека ќе биде прифатена бидејќи во минатите месеци напорно работевме за да направиме атрактивна понуда.
Благослов за победа во трката на тендерот даде градоначалникот на Кавадарци Панчо Минов. Неговиот колега од Прилеп оптимист дека токму компанија со вакви перформанси ќе економски ќе го заживее овој регион:
– Воопшто не ја доживувам како лобирање затоа што ние сме отворени за сите потенцијални инвеститори, било домашни било странски. Ние сакаме да им ги понудиме сите капацитети што ги има општината.
Во пакет со Чебрен и Галиште оди и хидроцентралата Тиквеш. Канал 5 веќе објави дека властите ја користат како адут кај странците за атрактивност на овој тендер. Годишното производство на струја во Тиквеш е 20 милиони евра, што практично значи дека за 30 години странците би ја вратиле инвестицијата. Елем под чија капа овој хидрокапацитет ја дава под концесија на 70 години. На 28-ми овој месец 5 те странски компании треба да достават финансиски понуди. Победникот ќе се знае за еден месец. Но, кој ќе го потпише договорот засега останува дилема, оти министерската фотелја што ја напушти вера Рафајловска се уште е празна.
Извор: Канал 5