26. 03. 2008 Транспарентност – Нулта Корупција (ТНК) имаше чест да биде посетена од високата делегација на Кралството Норвешка која деновиве престојуваше во Република Македонија. Делегацијата ја предводеше Заменик на Генералниот Директор на Министерот за Надворешни работи на Кралството Норвешка г-дин Нилс Крагнар Камсваг, а во нејзин состав беа: НЕ Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, г-дин Карл С. Виби, Главниот Советник во секторот за Западен Балкан г-дин Арилд М. Санде и г-га Хилдур Одланд, Советник во Амбасадата на Кралството Норвешка во Р Македонија.
На состанокот со Претседателот на организацијата Доц. д-р Слаѓана Тасева високите гости беа запознаени со тековните активности на организацијата, како и состојбата во борбата против корупцијата во Република Македонија и во регионот. Притоа тие изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за поддршка на идните активностите на организацијата.