28.03.2008 Во Владата на Република Македонија вчера беше потпишан Меморандум за разбирање во рамките на проектот „Антикорупциски мерки во образованието“, кој го спроведува Секретаријатот за европски прашања на Владата, а го финансира Владата на Кралството Норвешка.
Проектот „Антикорупциски мерки во образованието“ е финансиран во рамките на Програмата за норвешка билатерална проектна поддршка на Република Македонија. За имплементацијата на овој проект, Владата на Кралството Норвешка издвои неповратен грант чија основна намена ќе биде насочена кон воведување антикорупциски мерки во високото образование, а со тоа и намалување на корупцијата и перцепцијата во високообразовниот систем. Посебен фокус во рамките на овој проект, покрај компонентата за подигање на јавната антикорупциска свест, е ставен и на афирмацијата и реформирање и законското уредување на институцијата „студентски правобранител“.
Извор: Нова македонија