09.04.2008 Се повеќе граѓани се жалат до Државната комисија за спречување корупција за работата на правосудните органи. Минатата година се доставени 365 поплаки од оваа област, стои во последниот извештај на Комисијата. – Во континуитет се зголемува незадоволството кај граѓаните. Во 2006 година имало 212 претставки, а во 2005 година 125, што претставува значително зголемување; пишува во годишниот извештај. Во врска со овие предмети, тие поднеле три иницијативи за утврдување одговорност на носители на правосудна функција, а во 13 случаи предметите се проследени на понатамошно постапување на други органи.
Според нив, граѓаните во најголем дел укажуваат на долготрајноста на постапките, на неправилностите во начинот на нивното водење, но и на состојби во кои судиите, јавните обвинители, државниот правобранител и другите носители на правосудната функција, и покрај тоа што целосно ја запазуваат формалната страна на постапките, со донесените одлуки, поради непотполно и погрешно утврдена фактичка состојба, направилематеријална повреда на правото. Од Антикорупциска комисија сметаат дека тоа остава простор за сомнеж за можна корупција во правосудството.
Извор: Време