09.04.2008 Запирањето на истрагата за Саудискиот договор за оружје во Декември 2006 година, , навестувањето на движењата во спротивен правец за интернационалната борба против корупцијата, во Нигерија, Кенија, и Јужна Африка за пример. Таа говореше со поткрепа за нејзиното долго издржано мислење дека “ корупцијата е една од најголемите пречки на демократскиот развиток и борбата против глобалната сиромаштија“. Иронично беше тоа што таа зборуваше во Лондон, денот кога претседателот Саркози ја почна својата посета на државата, каде што во Франција Ева Жоли го изгради своето име како жесток антикоруптивен истражен судија. Таа, повеќе од било кого, беше одговорна за откривање на скандалот со гигантската државна нафтена компанија Elf Aquitaine.
На врвот од она што е познато како ироничното – Francafrique (специјална неправилна врска помеѓу Франција и нејзините бивши територии во црната Африка), посебно од нафтениот бум во 70тите па се до раните 90ти, ELF ја играле улогата не само како споредна амбасада, но понекогаш и со пристап како споредна влада, ( комплетирано со растопен фонд ) за оние со моќ за произведување на нафта што се држеа на нишан, како Габон, Конго – Бразавил и Ангола, трите земји кои таа специјално ги спомена.
Смртни закани и заштита
Битката која што мадам Жоли ја водела во судовите е прикажана во една од нејзините книги “ Правда под опсада“, издадена во 2006 година, но на појадокот таа скромно и подобро не сакаше да зборува за нејзините постигнувања. Таа всушност е родена Норвежанка, и оди во Франција да работи како беби-ситерка на свои 20 години, влегувајќи и завршувајќи во правната професија. Земајќи ја предноста од фактот дека магистратурата во Франција има уникатна независност каде што јавниот обвинител е под контрола на Министерството за Правда, таа иницираше серија на историски обвиненија и доведе до пад не само на главните луѓе во ELF како Alfred Sirvan и Joel Floch Prigent, но исто така индиректно опкружувајќи го пропаѓањето на бившиот Заменик Министер Roland Dumas. Нејзината приказна беше несекојдневна. Таа не спомна дека добивала редовни смртни закани, нејзините јавни и приватни телефони биле нелегално прислушувани, нејзиниот дом и нејзината канцеларија биле ограбени неколку пати, и четворица полицајци ја чувале шест години од кога почнала нејзината истрага. Прашана како успеала да преживее таа потврдила дека била штитена од жена судија која што ја одложила нејзината сопствена промоција за да го обезбеди успехот на ELF истрагата. Сега со возраст од 50 години, Жоли е специјален советник на Норвешката влада за корупција и перење пари, и се чини дека не изгубила ни малку од жестокоста која што ја доведе до слава и многу застрашувачка фигура во Франција.
Преценување на увозот, Пониска цена за извозот
Што правеше во Лондон, како и да е, беше да изјави јавно колку приговара дека Британија минатата година ја сопрела “Канцеларијата за сериозни измами“ за истражувањето на Британскиот аеро-космички Ал Јамамах војнички договор од 43 билиони фунти со Саудиска Арабија. Беше, таа истакнува, сериозно разочарување во време кога беше направен интернационален напредок кон креирање на правила за лимитирање на корупцијата, и исто така насилството беше фатено на дело според артиклот 5 од Организацијата за економска соработка и развој на Корупцијата. “ Каков сигнал се испраќа?“ праша. Таа ја истакна својата поента и додаде дека нејзините забелешки се дефинитивно забележани, и го повтори обвинувањето на состанокот во Куќата на народот, каде што таа посебно зборуваше за антикорупцијата во Обединетото Кралство, таа имаше напишано статија за ова во тоа време за весникот Independent. Таа исто така привлече внимание за големата злоупотреба од бизнис заедницата во преценувањето на увозот и пониските цени за извозот, цитирајќи неодамнешна студија од двајца американски академци Simon J Pak и John S Zdanowicz кој што оцениле дека корпорацијата манипулирала со интернационалната трговија за да “избричи“ во една година 53,1 милиони долари од даночните сметки. Како што е објавено во Вашингтон Пост , тие цитираат “ жилети увезени од Британија за 113 долари парче; пинцети од Јапонија за 4896 долари секое; рубини од Бурма за 38,192 долари од парче; А за партнерите во трговијата од Америка, зделката на векот: седишта за автомобил извезени од Белгија за 1.66 долар секое, проектили за Израел по 52 долари од испукување, часовници спакувани со скапоцен метал за Колумбија за 8,68 долари“. Илјадници размени на трговија од овој вид се прикрадуваат во трговските податоци “ можно е да се навестува на корпоративно даночно избегнување и криминално перење на пари на висока скала“. Сево ова ја збуни публиката на појадокот над нивната кајгана, чоколаден пудинг и сланина во Simpsons во Strand. Имаше измешана торба со прашања и изјави – блескава интервенција од страна на Transparency International, и еден до два несреќни бизнисмени, неколку “кршења на прсти“, но иста така еден скептик, кој што испровоцира неколку пати и даде претпоставка дека корупцијата беше едноставно прашање на “ Кога во Рим се прави како што прават Римјаните“.
Британско-Индиско билионери
Сигурно е дека е резултат на коинциденција, но има бројни настани што покажуваат колку е голема Индија и колку станува се поголема. Првиот самит оваа недела е Кина – Индија, и пристигнувањето на новиот Генерален Секретар Kamalesh Sharma на Секретаријатот на Здравје за народот во почетокот на Април. Клинот на предната страна на масивниот Британски весник, како и да е, беше изненадувачки набавено од Форд од оние две икони на Британската едновремена инженерска власт, Jaguar и Land Rover од Tata, Мумбајскиот конгломерат кој што ги произведува новите нано мини возила, предводена од Ratan Tata. Ова се чини дека вистински ја допре Британската национална психа. Дозволете ми да издвојам две статии – една од нив беше во Sunday Times насловена “The Reverse Raj”, со главна мисла “ Британија доби културна и комерцијална положба на Индија како нејзин величествен господар. Сега новата генерација на Индијци ги менува улогите“.
Приказната, од Дин Нелсон, фокусирана на група индиски бизнисмени некогаш наречени како Индиски билионерски клуб состанок во Гросвенор Куќата во Мајфер, со домаќинот Subodh Agrawal, “потписник на зделките со некој од магнатите на Индија“, и вклучувајќи ги Хиндуја браќата (четврти на листата по богатство);помошникот на Lakshmi Mittal “најбогатиот светски барон на челикот“; Birlas и Jindals;“презентација на старите индиски индустриски фамилии“, и членови на Британската нова бизнис аристократија како што е Mike Jatania кој што ги купил Yardley’s козметика. Сите овие го прославуваа преземањето на Tata, видено како “најсимболичното преземање во историјата на Индија“ ( дури иако 1,15 билиони фунти беа само една четвртина од сумата која што Mittal ја дал на Corus), изразувајќи чувствително дека, Индискиот Тајмс изјави “ и требаше на една бивша колонија да дојде да го спаси опколениот британски бренд“ . Статијата вели“ ново богатство во Индија и моќта околу старите колонијални господари донесува“ “ чувство на природен ред кој што повторно се зацврстил“, цитирајќи еден бизнисмен кој што кажал дека Британско – Индиската заедница посебно е добро сместена да игра поголема улога во Британија.
Враќање на колонизација на умот
Пензиониран дипломат е исто така цитиран: “ Кога првиот Британски пратеник дојде за да се сретне со Владетелот Jahangir во 17тиот век, не му беше дозволено да седи со присутните од кралството, морал да стои. Потоа Индија контролирала 24 проценти од светскиот бруто домашен производ и четвртина од интернационалната трговија..Најголемиот успех на колонизацијата беше колонизацијата на умовите. Зема значителна количина на време за да се смени правецот на движење, но сепак има враќање наназад“.
Втората статија , од The Guardian е насловена како “Дали е ова Индискиот век?“ напишана од Индиецот Adytia Chakraborty, ја носи темата подалеку , со тезата дека преземањето од Тата навестува нов нова ера на власт од светските земји со најголема популација а Европа и Америка треба да бидат загрижени“. Не е дека еден од овие зборови ќе бидат конечни од Sharma во Marlborough House, претставувајќи како тој да го прави се за Државната заедница, а не неговата земја, но неговите неискажани мисли ќе бидат околу, посебно доколку има знак дека Индија ќе оди чекор погоре со напорот за финансирањето на развојот на Секретаријатот низ моментални екстремно скромни фондови како Фондот на Државната Заедница за Техничка Соработка. Предмет на кој што треба да се враќа назад кога новиот човек ќе се смести, можеби?
Извор: Business Day