11.04.2008 Доктор Слаѓана Тасева доби отказ на местото професор во Полициската академија во Скопје поради, како што се наведува во решението, немање финансиски средства за нејзината плата. Тасева, која е меѓународно признат експерт за прашања од областа на корупцијата и перење пари, до неодамна беше и директор на Полициската академија. Од оваа функција Тасева беше сменета поради судир со Министерството за внатрешни работи (МВР) кое настојува да ја стави под целосна контрола Полициската академија, која е образовна институција во состав на Универзитетот „Климент Охридски“.
Категорија: Вести
Сподели на