15.04.2008 Бидејќи Европската Унија бара начини за подобрување како да го троши буџетот – моментално 129 билиони евра – Transparency International (TI) денес предложи дека институциите на ЕУ и земјите членки треба да ја зголемат својата транспарентност и одговорност.
“Моменталниот преглед на буџетот на Европската Унија обезбедува единствена можност за систематски надзор на сите аспекти на трошење на Европската Унија, вклучувајќи го и Структурниот Фонд“, истакна Jana Mittermaier, шеф на Бриселската Канцеларија на Transparency International. Како еден дел од препораките поднесени денес до ЕУ процесот за преглед на буџет, TI предлага дека секоја земја членка треба да има поголема одговорност за фондовите потрошени на својата територија, покрај другите решенија.
Препораките на TI се однесуваат на овие три предизвици: намалување на сложеноста, обрнување внимание на неразделивите ризици, реорганизирање на менаџментот и преработка на уредувањето на ниво на Европската Унија. Најефективните средства за подобрување на транспарентноста и одговорноста во трошењето на ЕУ се:
□ систематско објавување на примателите на фондовите на ЕУ;
□ поставување на правилни финансиски стимулатори ( финансиски санкции, црни листи, спречување на јавни договори ) за оние кои не ги почитуваат правилата;
□ зголемување на одговорноста за трошење под акционен менаџмент чии сметки се над 80 проценти од трошењето на ЕУ, подобро претставувајќи ги обврските на Комисијата и на земјите членки.
“ Европската Унија мора да ја зголеми транспарентноста и одговорноста во нејзиното трошење не само поради законски причини, туку да ја зајакне довербата на граѓаните и институциите во Европа“- додаде Mittermaier.
Transparency International е глобална организација на граѓанското општество која ја води борбата против корупцијата со националните поглавја во скоро сите земји членки на ЕУ, земји кандидати и потенцијални земји кандидати.