07.05.2008 Transparency International (ТI) се залага за навремена имплементација на јасен и мандатен регистар за лобирање на Европската Комисија, свикан од Комитетот за уставно надворешно право на 1 Април 2008 година.
Европскиот Парламент ќе гласа утре на 8ми Мај за регистарот за лобисти од Европските институции. TI нагласува дека мандатниот регистар на Комисијата треба да се гледа само како прв чекор, и го поддржува повикот на Парламентот за развивање на здружениот регистар за Парламентот, Советот и Комисијата градејќи врз искуството и инфраструктурата на регистарот на Европската Комисија, наскоро да биде објавен.
“Има повеќе од 15.000 лобисти кои талкаат по ходниците на Европските институции, барајќи да влијаат на ЕУ легиславата. Еден силен регистар за лобирање, вклучувајќи детални законодавни постапки – покажувајќи кои лобисти биле консултирани и кои придонеле за индивидуални удели во донесувањето на законите – ќе придонесе еден силен алат за изработување на целите и методите за транспарентност на лобирањето во ЕУ“ – истакна Jana Mittermaier, Раководител на канцеларијата на Transparency International во Берлин.
Оваа иницијатива од страна на Европскиот Парламент кореспондира со Заменик Претседателот на Европската Комисија Siim Kallas повик за “ една поструктурна рамка за активностите од интерес претставниците (лобистите) како што е нагласено во Европската Иницијатива за Транспарентност (European Transparency Initiative) во 2006 година. Mittermaier додаде дека “рокот за имплементирање на регистарот на Комисијата треба да биде забрзан. Потребно е да се забрза пред летните одмори“.
Најефективните средства за подобрување на транспарентноста и одговорноста во лобирањето на ЕУ – ниво се :
● Именување на индивидуални лобисти;
● Расветлување на целосните финансиски средства на сите лобисти, вклучувајќи ги и think tanks и адвокатите;
● Мониторинг и санкции за механизмите за злоупотреба на лобирачката работа на ЕУ – ниво;
● Силен , детален и правилно применет код на управување, како дополнителна мерка на мандатниот регистар.
“ Европската Унија мора да ги зголеми транспарентноста и одговорноста во спроведувањето на лобирањето и да ја зајакне довербата на граѓаните на Европа и на институциите во Европа“ – продолжи Mittermaier.
TI има национални поглавја во скоро сите ЕУ земји членки, кандидати земји членки и потенцијални кандидати.
За да ги прочитате препораките на TI за кодот на управување со регистарот на Комисијата ве молиме посетете:
http://www.transparencyinternational.eu