Ова е оценка на 18 главни уредници во највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија, во месечната анкета „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.
На листата на бистри настани два предлога имаат по 9 гласови. Тоа се: најавата на Антикорупциската комисија дека ќе испитува за одлуката на Владата за 5.000 вработувања во јавната администрација, како акцијата на Сојузот на студентите во борба против корупција.
Повод е статијата во која е наведено дека локалната полиција поднела прекршочна пријава за возење под дејство на алкохол против заменик претседател на апелациониот суд во Битола. Новинарот тврди дека полицијата поднела пријава против судијата, дека таа не е реализирана повеќе од 18 месеци, како и дека пресудата му е изречена без извршено вештачење.
На второ место на листата најматни настани во април, со шест гласови, се предизборните вработувања. За тоа веќе почнаа меѓусебно да се обвинуваат партиите и од власта и од опозицијата. Партиските вработувања, за жал, се редовна пракса пред секои избори и силен адут во кампањата и во обезбедување гласачи. Овој пат беше вклучена и конкретна бројка за вработување на 5.000 Албанци во државните институции.
Предвремените избори и корупциската спрега меѓу бизнисот и партиите во финансирање на кампањите е на трето место на листата најматни настани. Политичките партии во борба за што повеќе гласови неконтролирано трошат пари, а не ги објавуваат изворите иако имаат обврска. Тоа според експертите е простор за политичка корупција, во која многу пари се „вртат во кеш“.
Најавата на Антикорупциската комисија дека ќе испитува да ли и кога Владата донела одлука за 5.000 вработувања во јавната администрација, како и акцијата на Сојузот на студентите во борба против корупција рамноправно го делат првото место на листата најбистри настани во април.
Укажувајќи дека во време на изборниот процес е забрането вработување во јавната администрација Комисијата за антикорупција најави дека ќе испита од каков вид се најавените 5.000 вработувања и да ли за нив се обезбедени средства. Во изборниот процес освен вработување забранети се вонредни исплати, градежни зафати и други начини на трошење на буџетски пари.
На листата на бистри настани е и најавата на Сојузот на студентите дека ќе дели летоци по факултетите и по студентските домови за да ги поттикне студентите да пријавуваат случаи на корупција во високото образование. За таа намена отворен е неодамна и посебен телефонски број – 32 21 350.
Анкетата „Бистро – Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година. Во анкетата за април учествуваа телевизиите А1, Алсат. Канал 5, Сител и Телма, радио Канал 77, интернет изданието Лоби, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, Нова Македонија, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.