Тема: “Развојот на енергетските ресурси и заштитата наводите и животната средина“
-Што се добива, а што се губи со изградбата на ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште
„Транспарентност – Нулта Корупција” е невладина организација чија главна определба е борбата против корупцијата и почитувањето на принципите за владеење на правото и транспарентното, одговорно и отчетно однесување на сите одговорни учесници во процесите кои се одвиваат во Република Македонија.
Во изминатите неколку години постојано бевме вклучени во активно следење на процесите за трансформација и приватизација на електро енергетскиот сектор. Во текот на оваа година со внимание ги следиме состојбата со менување на Законот за енергетика; постапката за приватизацијата на термо електраната Неготино како и сите аспекти кои произлегуваат од иницијативата за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште на реката Црна.
Имајки предвид дека оваа инвестиција опфаќа повеќе аспекти, како што се: заштита на околината, менаџирањето со водените ресурси, енергетската состојба и потребата од нејзино санирање, како и сферата на правото на Европската Унија и регионалните договори, сметаме дека е неопходно, пред да се донесе било каква одлука, сите овие аспекти да бидат предмет на широка јавна расправа.
Нашата цел со организирањето на оваа јавна дебата не е да се загрозат инвестициите во Република Македонија или да се попречи натамошниот развој на неопходните енергетски ресурси. Напротив, нашата цел е да ги поддржиме сите овие процеси, но со силна заложба за нивно реализирање на начин што ќе обезбеди највисок степен на транспарентност, објективно информирање, а со тоа и заштита на интересите на граѓаните во Р Македонија.
Поради тоа, а имајќи го предвид значењето што процесите во оваа го имаат или би го имале за граѓаните и за стопанството, ве каниме да земете активно учество во јавната дебата за ефектите и последиците од овие градби.
Јавната дебата ќе се одржи на 18.06.2008 (среда) со почеток во 11:00 часот во хотелот Стоун Бриџ (Скопје).