25.06.2008 Корупцијата во водниот сектор ги става животите и егзистенцијата на билиони луѓе на ризик. Како што покажува Глобалниот корупциски извештај за 2008 година, почетокот на климатските промени и зголемената важност за обезбедување на вода низ целиот свет ја прави борбата против корупцијата во овој сектор, поургентна отколку било кога. Без зголемена поддршка за да се спречи корупцијата во секторот за вода, ќе се случат високи трошоци по економскиот и човечки развиток, уништување на виталните екосистеми, и зголемување на социјалната тензија, дури и конфликт за овој неопходен ресурс. Овој извештај јасно покажува дека предизвикот на корупцијата мора да се препознае во многу глобални политички иницијативи за еколошка стабилност, развој и сигурност кој што се поврзани со водата.
Како што открива Глобалниот корупциски извештај за 2008 година, има неколку охрабрувачки иницијативи од целиот свет кој што демонстрираат успех и намалување на корупцијата во секторот за вода. Ова е главната порака која што повеќе од дваесетмина експерти и практичари го истакнуваат во овој извештај. Покрај тоа, Глобалниот корупциски извештај за 2008 година – првиот извештај кој што оценува колку корупцијата делува на сите аспекти на водата – се рефлектира на тоа, што се може да се направи за да се осигурa дека корупцијата нема да продолжи со уништување на овој базичен и неопходен ресурс, оној кој е фундаментален за животите на луѓето низ целата планета.
Водата и корупцијата : ставање на животите, егзистенцијата и виталниот развој на ризик
Водата е витална и нема замена. Покрај тоа, кризата за вода која што доведува до корупција опфаќа многу региони низ светот. Приближно 1.2 билиони луѓе во светот немаат гарантиран пристап до вода а повеќе од 2.6 билиони се без адекватни услови за хигиена, со ужасни последици за развој и намалување на сиромаштијата. Во следните декади натпреварот за вода се очекува да биде поинтензивен. Поради претераната употреба и загадувањето, екосистемите базирани на вода се сметаат за најзагрозени светски природни богатства. Недостигот на вода веќе влијае на локалните региони на секој континент, а до 2025 година повеќе од 3 билиони луѓе би живееле во држави со недостаток на вода.
Човечките последици од кризата за вода, поттикнати од корупцијата, се застрашувачки и најповеќе делуваат врз сиромашните и жените. Во земјите во развој, околу 80 проценти од проблемите со здравјето може да се поврзат со неадекватната вода и услови за хигиена, загрозувајќи ги животите на 1.8 милиони деца секоја година и води кон загуба на приближно 443 милиони школски денови за децата кои што страдаат од болести поврзани со водата. Во Африка, жените и девојчињата обично одат повеќе од 10 километри за да земат вода за нивните фамилии во периодот на суша, и се проценува дека сума еднаква на 5 проценти од бруто домашниот производ е загубен на заболувањето и смртта од нечиста вода и сиромашна хигиена. Кога чистата вода недостасува, заложбите се многу високи.
Глобалниот корупциски извештај за 2008 година покажува дека кризата за вода е криза на владеењето со водата и со корупцијата како суштинска причина. Корупцијата во секторот за вода е многу раширена и ја прави водата неупотреблива за пиење, непристапна и луѓето не можат да си ја овозможат. Тоа е очигледно во платформите од руралните извори суб-Сахара во Африка, конструкциите за полесен пристап до вода во урбаните реони во Азија, градењето на хидроелектрични брани во Латинска Америка и дневната употреба и злоупотреба на водните ресурси низ целиот свет.
Опсегот и подрачјето на водата и корупцискиот предизвик
Глобалниот корупциски извештај за 2008 година ја истражува корупцијата со водата низ 4 клучни под-сектори.
Менаџмент на изворите со вода, коешто вклучува заштита на долготрајноста и правична употреба на извор кој што нема замена, во овој извештај е покажано како неприметно може да биде заземено од моќната елита. Загадувањето на водата многу често поминала неказнета поради подмитување, и фондовите за Менаџментот на изворите со вода завршуваат во џебовите на корумпираните функционери. Во Кина, на пример, корупцијата се смета како пречка на спроведувањето на регулативите за околината и доведува до ситуација каде протокот на вода во 90 проценти од градовите во Кина е загаден и повеќе од 75 проценти од реките кои што течат во урбаните средини се сметаат за несоодветни за пиење или рибарење. Потребата за прилагодување кон климатските промени го прави темелното чистење од корупцијата во водните извори се поургентно. Промената во водните текови и се повеќето поплави, доведува до потреба од нови инвестиции во водоводната инфраструктура и преселба на 200 милиони луѓе глобално, и побарувачка на пофреквентни и итни хуманитарни обиди. Сите овие погоре споменати работи се посебно ранливи на корупција, како што е покажано во Глобалниот корупциски извештај за 2008 година. Каде што корупцијата го нарушува правичното делење на вода помеѓу земјите и заедниците, исто така и се заканува на политичката стабилност и регионална безбедност. Двајца од секои пет луѓе на планетата земја живеат со меѓународни водни базени, а повеќе од 50 земји на 5 континенти се идентификувани како жаришта за потенцијални идни конфликти за вода. Водата “зграбува“, неодговорното присвојување или одземање на вода без размислување за другите корисници, соучествувајќи во корупцијата, може тензијата да ја префрли во друг отворен конфликт.
Во вода за пиење и хигиенски услуги, вториот под-сектор разгледан во Глобалниот корупциски извештај за 2008 година, корупцијата може да се најде на секој точка од синџирот на водоснабдување: од политички планови и буџетска распределба до операции и сметковни системи. Корупцијата влијае и на приватните и на државните водоводни сервиси и ги повредува сите земји, богати и сиромашни. Во побогатите земји, ризикот од корупција е концентриран во доделувањето на договорите за градење и управување општински водоводни инфраструктури. Вложувањата се големи: овој пазар е проценет дека вреди 210 билиони долари годишно во Западна Европа, Северна Америка и Јапонија посебно. Во земјите во развој, корупцијата е проценета дека ќе ја зголеми цената за поврзување на едно домаќинство до водоводна мрежа за 30 проценти. Ова ги зголемува вкупните трошоци за остварување на Милениумските развојни цели (Millennium Development Goals) за вода и хигиена, темелите за лекување на глобалната криза за вода, за повеќе од 48 билиони долари.
Наводнување во земјоделието, третиот под-сектор за вода разгледан во овој извештај, објаснува за потрошувачката за вода од 70 проценти. По редослед, наводнетата земја помага во производството на 40 проценти од светската храна. Покрај тоа системите за наводнување можат да бидат заземени од големи корисници. Во Мексико, на пример, најголемиот 20 процентен дел на фармери користат повеќе од 70 проценти од наводнетите површини. Освен тоа, корупцијата во наводнувањето ја зголемува несигурноста за храна и сиромаштијата. Системите за наводнување кој што се потешки за набљудување и имаат потреба од експерти за нивно одржување нудат многукратни влезни точки за корупција, доведувајќи до трошење на фондовите и поскапи и несигурни наводнувања за помалите фармери. Еден поединечен проблем е регулацијата на наводнувањето со извори од подземни води. Како резултат на слабата регулација, големите корисници на места како што е Индија или Мексико можат да се снабдуваат со вода од подземните извори со неказнивост , со лишување на малите сопственици од нивните неопходни извори и од нивните приходи за живот. Во Индија, вкупниот корупциски товар за договори за наводнување се проценува да надмине 25 проценти од големината на договорот, и е наводно поделен помеѓу функционерите па се до политичкиот систем, создавајќи потешкотии во кршењето на вмешаноста во кругот. Четвртиот под-сектор за вода што е покриен во Глобалниот корупциски извештај за 2008 година е хидроцентралите, вклучувајќи ги браните. Уште неколку инфраструктури проекти имаат споредливо влијание на околината и на луѓето. Големите инвестиции во секторот за хидроцентралите (проценката е 50-60 билиони годишни во наредните декади) и високата комплексност, прилагодените инженерски проекти можат да бидат основа за развивање на корупцијата во планирањето, тендерите и извршување на големи проекти за брани низ светот. Влијанието на корупцијата не се ограничува на зголемените цени на проектите, како и да е. Големите фондови и компензациони програми што се придружуваат до проектите за брани се многу ранливи и осетливи на корупција, придружувајќи се на ризиците од корупција во овој сектор.
Корупција со вода: предизвик над секторот за вода
Значењето на водата во човечкиот развиток и одржувањето на околината е добро познато и глобалните кризи за вода превземаа главна улога во развојот на дебатата за околината. Глобалниот корупциски извештај за 2008 година истакнува дека корупцијата со вода е значаен фактор во овие кризи и исто така критичен проблем за глобалната државна политика. Корупцијата во секторот за вода влијае врз животите, приходите за живот, обезбедената храна а меѓународната соработка исто така се поврзува со грижата за глобалната политика. Корупцијата со вода е грижа не само на секторот за вода. Исто така го усложнува глобалниот предизвик за соочување со климатските промени, и мора да се однесува за градење за управувачката рамка која што го развива и проширува Kyoto протоколот. Понатаму, корупцијата со вода мора да се прикажува позначајно во секоја дебата за зачувување на околината. Исто така значајно е и за глобалната безбедносна агенда што е загрижена за корените што го предизвикуваат конфликтот, екстремизмот и државите кои пропаѓаат. Конечно, корупцијата треба да се препознава како пречка на глобалното решение за да има развој на сите, најважното е изразено во Милениумските развојни цели и поврзаноста со политичките иницијативи.
Вода : високо ризичен сектор за корупција
Глобалниот корупциски извештај за 2008 година извлекува неколку воведни заклучоци зашто водата е посебно чувствителна на корупција.
●Владеењето со водата се диспензира преку претставници. Водата многу често предизвикува правна и институционална класификација, креирајќи регулативни празнини и оставајќи го владеењето распрскано низ земји и различни претпријатија со многу можности за искористување.
●Менаџирањето на водата се смета за голем технички проблем во повеќето земји. Менаџирањето на водата е сеуште со најистакнат пристап како инженерски предизвик. Разгледувањето на политичките и социјалните димензии на водата, вклучувајќи ги проблемите со корупцијата и нивната цена, е ограничено.
●Водата вклучува зголемен прилив на јавни пари. Водата е повеќе од двапати капитално засилена колку што е возможно со други искористувања. Големиот воден менаџмент, проектите за наводнување и брани се комплексни и тешки за стандардизација, правејќи ги набавките профитабилни и манипулацијата тешка да се открие.
● Приватното инвестирање во вода расте во земјите кај кој што веќе е присутен големиот ризик за корупција. Девет од десетте главни растечки пазари учесници од приватниот сектор со вода и хигиена се во земји со висок ризик од корупција, претставувајќи посебни предизвици за меѓународните инвеститори.
●Неформалните снабдувачи, често ранливи на корупција, продолжуваат да играат главна улога во снабдувањето со вода на сиромашните. Неформалните снабдувачи со вода обезбедуваат битни функции за поврзување во многу земји во развој за да се снабдат сиромашните со вода. Тие често дејствуваат во законски сиви зони, како и да е, правејќи ги нивните дејствија ранливи на уценување и подмитување.
●Корупцијата со вода најчесто ги напаѓа оние со најслаб глас. Корупцијата со вода најчесто ги напаѓа маргинализираните општества, сиромашните или – во овој случај на влијание на околината – идните генерации. Овде спаѓаат сите луѓе кои што вложуваат со слаб глас и лимитирана можност за барање на поголема одговорност.
●Водата е ретка, и станува се поретка. Климатските промени, зголемување на популацијата, менување на диеталните навики и економскиот развој сите овие ја влошуваат локалните водни недостатоци. Колку помалку водата е достапна, толку се повисоки ризиците за корупција што се појавуваат во контролата врз снабдувањето со вода.
Од дијагностика до акција : лекции за борење со корупцијата во секторот за вода
Анализата на разни случаи и искуствата презентирани во Глобалниот корупциски извештај за 2008 година даваат збир на 4 клучни лекции за борба против корупцијата во секторот за вода.
●Прва лекција: спречување на корупцијата во секторот за вода, бидејќи елиминирањето после тоа е тешко и скапо Кога корупцијата доведува до загадена вода за пиење и уништени екосистеми, штетните последици често се ненадоместливи. Кога водата за опстанок дава раст на моќните земјоделски индустрии и лобирања, пренасочувајќи ги субвенциите на сиромашните станува се потешко.
● Втора лекција: разбирање на локалното работење со вода, инаку реформите би пропаднале Една страна никогаш не ги собира сите во борбата против корупцијата, но ова е особено случај во секторот за вода, каде што условите за снабдување и побарувачка, постојната инфраструктура и системите за владеење варираат широко. Разбирајќи ги локалните состојби и специфичните стимулативни системи кои што подржувањето на корупција е предуслов за пронаоѓање ефективни реформи.
●Трета лекција: отстранувањето на корупцијата со вода не треба да биде споредно во однос со потребите на сиромашните Трошоците од корупцијата во секторот за вода се диспропорционални со поднесливоста од страна на сиромашните. Про-сиромашни антикорупциски напори треба да се фокусираат на видовите сервиси за снабдување кој што најмногу им значат, како што се јавните чешми или копање на рурални бунари. Таквите напори мора да се испланираат за да не се намалат основните приходи на луѓето: на пример, прекинување на снабдувачите со неформални услуги можат да го отстранат битниот начин за да им се обезбеди на сиромашните сигурен пристап до вода.
●Четврта лекција: градење притисок за реформи со водата одозгора и одоздола За да и се стави крај на корупцијата во секторот за вода потребно е да се прекинат преплетените интереси и врски кој што го овековечуваат проблемот. Ова е застрашувачки и опасен предизвик. Потребно е лидерство од самиот врв да создаде политичка волја и поттикнување на институционални реформи. “Над дното“ пристапот е еднакво битен за намалување на корупцијата, со додатно контролирање и балансирање на оние кој што се моќни и кој што го вклучуваат мониторингот на дотокот на пари или референците од корисното извршување.
Запирајќи го корупцискиот прилив : препораки за реформи
Глобалниот корупциски извештај за 2008 година презентира бројни стратегии кои што ветуваат и алати за справување на корупцијата во менаџментот на водните ресурси, водата за пиење и хигиена, наводнување и хидроцентралите. Динамиката на поединечните земјија ја утврдува правата мешавина и низа на антикорупциски реформи, но следното е збир на препораките кои што најповеќе ветуваат.
●Препорака еден: зголемување и прочистување на дијагнозите за корупцијата со вода – моменталните и ефективни реформи зависат од тоа Многу работа останува да се направи за изучување на подрачјето и природата во корупцијата со вода. Алати како проценување на влијанието на корупцијата во различни реони на секторот за вода, следење на државни трошоци и имоти и корупциско мапирање на ризикот помагаат во пуштање на скапоцена светлина врз различни делови од загатката. Овие алатки мора да се прочистат, усвојувања нашироко во секторот за вода и усвојување на специфични локални објаснувања за поставување на темелите за целни реформи.
●Препорака два: зајакнување на регулаторниот надзор на менаџментот со вода и нејзината употреба Владиниот и јавниот сектор продолжуваат да играат најзначајната улога во владеењето со водата и ефективниот регулаторен надзор, дали за околината, водата и хигиената, земјоделеството или енергијата. Има бројни институционални реформи што можат да бидат повеќе како контрола и затоа треба да бидат приоритетни: градење на капацитет и обука за регулаторниот персонал, овозможување на адекватните извори (човечки,финансиски,технички и административни), креирање на јасен институционален мандат, имплементирање на транспарентни оперативни принципи и претставување со јавни консултации и жалбен процес.
●Препорака три: осигурување на фер натпревар за одговорно спроведување на договорите за водаВо многу земји, приватниот сектор вклучува основни антикорупциски мерки како дел од стандардизираните оперативни процедури, но мора да се направи нешто повеќе за да се има влијание врз водата. Владите и договорните страни можат да започнат преговори за договори со интегритет за процесот за јавни набавки. Побарувачката на големи инвестиции во секторот за вода значи дека агенциите за кредитни извози, комерцијалните банки и интернационалните финансиски институции за позајмици играат главна улога во борбата против корупцијата и треба да ги прошират своите активности кои се темелат на нивните потреби во анти-подмитувачки одредби.
●Препорака четири: усвојување и спроведување транспарентност и учество како водечки принципи за сите кои што управуваат со водата Транспарентноста ја воведува основата за јавна претпазливост и одговорност и мора да дојде до карактеризирање како бизнисот во секторот за вода е направен од државните и приватните акционери подеднакво. Пречесто, обврските кон овој принцип не беа ставени во акција. Има, како и да е, неколку примери како транспарентноста се спроведува во владеењето со водата во Глобалниот корупциски извештај за 2008 година – од отварање на буџетите на нови проекти до откривање на индикаторите за спроведување. Ова мора да се повтори и да се користи како основа за учење и подобрување. Зголеменото учество е документирано низ Глобалниот корупциски извештај за 2008 година како механизам за редуцирање на несоодветното влијание и заземање на овој сектор. Учеството од страна на маргинализираните групи во буџетирањето на водата и развивање на политика можат да обезбедат средства за зголемување на про-сиромашен фокус на трошењето. Вклучувањето на заедниците во избирање на положбата на руралните извори и управување со системите за наводнување помага во сигурноста дека малите земјопоседници не се последни во редот кога станува збор за пристап до вода. Учеството на граѓанското општество во верифицирањето, пронаоѓање на загадени води и вршење на мониторинг на водните услуги создава дополнителни проверки и баланси. Транспарентноста и учеството градат доверба и верување дека одговорното владеење со водата побарува а граѓанското општество игра критична улога во претворање на информациите и можностите за учество во ефективната јавна претпазливост.
Создавање поттик за промена: глобална коалиција против корупцијата со вода
Имплементирање на овие препораки бара стратешка визија. Глобалниот предизвик на корупцијата во секторот за вода има потреба од глобален одзив, локална стручност, адаптација и понуда на висока цена од широк ранг на учесници. Transparency International, со нејзината мрежа од експерти за корупција и застапници во повеќе од 90тина земји, е во добра положба да направи значаен придонес. Напорите за повеќе транспарентност во секторот за вода, на пример, може да се има корист од проширното истражување и застапеност на Transparency International на зголемувањето на стандардите за слобода и транспарентност во владеачките системи низ светот. Иницијативите за зголемен интегритет во корпоративното учество во секторот за вода мое да ги усвои алатите против корупција на Transparency International за нивните цели и поврзување со широката работа за јавните набавки на TI. Мрежата за воден интегритет (Water Integrity Network) , брзо растечка меѓународна коалиција на експерти за вода, теренски работници, академици и активисти коишто работеа со Transparency International во развивање на овој извештај, ја предводат борбата против корупцијата во секторот за вода. Глобалниот корупциски извештај за 2008 година ги истакнува силните причини зашто многу други треба да се придружат во помошта за генерирање на поттик за непрекинати реформи. Нападните климатски промени и зголеменото оптоварување со изворите на вода значи дека критичните точки се достигнати. Како што покажува Глобалниот корупциски извештај за 2008 година, совладувањето на корупцијата во секторот за вода не е само морална потреба која им служи на многумина, особено на сиромашните. Исто така е изводливо. Времето за акција е сега.