25.07.2008 Државната антикорупциска комисија покренува постапки за сите лица кои има доставено преставки или има сознанија за корупција без разлика дали се тие дел од владата, владеачката партија или опозицијата вели членот на комисијата Ариф Муса
,,Ние постапуваме така како што доаѓаат предметите. Значи, воопшто не не засега дали лицето е во опозиција или позиција, ние постапуваме како што ни налага законот."
Овој коментар на Муса догаа по обвинувањата од страна на опозоцијата дека се водат постапки само против нив.Тој тврди дека деновиве работат и на предмет повзран со граноналник кој и припага на партиите од власта:
,,Еве можеби за една недела или две ќе има иницијатици од наша страна за некои градоначалници, од опозицијата и од сегашната позиција."
Со оваа оценка на Муса не се согласува поранешната претседателка на комисијата и актуелен прв човек на невладината Транспарентонт Нулта Корупција Слагана Тасева. Таа вели дека не е задоволна од начинот на кој што се имплементира државната програма за борба против корупцијата
,,Не сум задоволна од продуктивноста во работењето. Премногу настојува да се прилагоди на потребите на актуелната власт, наместо да биде коректор на власта."
И Генерална оценка на Тасева за начинот на кој што владата ја води борбата против корупцијата е негативна. Повеќе кампања а поомалку вистинкса борба видовме во последнива две години вели таа
,,Од една страна водиме кампања, работиме селективно и декларативно. Она што требаше да се направи, ние се соочивме со редица нетранспарентни постапки, а во основата на борбата против корупцијата е транспарентност."
Инаку деновиве Упаравата за Јавни приходи според пишувањата во медимите го проверува имотот на претседателот Црвенсковски.И додека од управата и од владата не сакаат да коментиораат за оваа акција повикувајки се на немешање во работата на истражните органи и на даночна тајна Тасева вели дека тука нема ништо ново затоа што имотниот лист на шефот на државата УЈП го има уште од 2003 година и регуларна постапка е да се испитува.
,,Тоа не е ништо што не е нормално и мислам дека од тоа не треба да се прави ништо посебно. Тоа е редовна постапка и процедура, затоа таму се доставуваат тие информации."
Извор: Радио Слободна Европа