Постојаната висока корупција во земјите со низок приход достигнува до “постојана хуманитарна катастрофа“
Берлин, 23 Септември 2008 – Со земји како што е Сомалија и Ирак помеѓу оние што го покажуваат највисокиот степен на перцепирана корупција, Transparency International (TI) Индекс на Перцепција на Корупцијата (ИПК) за 2008 година, промовиран денес, ја истакнува фаталната поврзаност помеѓу сиромаштијата, неуспехот на институциите и подмитувањето. Но други значајни поместување надолу во Индексот за 2008 кој индицира дека јачината на надзорните механизми е исто така под ризик помеѓу најбогатите држави.
Методологија_на_ИПК2008 109.08 Kb
ИПК_најчесто_поставувани_прашања 165.54 Kb
“Во најсиромашните земји, степените на корупција може да имаат значење на разлика помеѓу живот или смрт, кога парите за болниците или чистата вода е во прашање“ изјави Huguette Labelle, Претседателот на Transparency International. “Зголемувачките степени на корупција и сиромаштија што ги измачуваат повеќето општества во светот достигнувајќи до постојана хуманитарна катастрофа неможат да бидат толерирани. Но и во земјите со повеќе привилегии, со нееднаквите вознемирувачки принудувања, потребен е посилен пристап за намалување на корупцијата“.
Резултати во 2008
Индексот за 2008 на Transparency International ги мери воочливите степени на корупцијата во јавниот сектор и во определни земји и тој е композитен индекс, според различни експерти и бизнис испитувања. Во Индексот за 2008 се оценети 180 земји ( истиот број како и Индексот во 2007) на скала од нула ( високо корумпирани) до десет (високо чисти).
Данска, Нов Зеланд и Шведска го дела највисокиот резултат од 9.3 бодови следени од Сингапур со 9.2. Последни земји се Сомалија со 1.0 бодови, следена од Ирак и Мијанмар со 1.3 и Хаити со 1.4.
Додека промените во резултатот во Индексот не се драстични, статистичко значајни промени се евиденти во одделни земји од висок до низок ИПК. Гледајќи во истражувањата за 2007 и 2008 година кој што се вклучени, значајни опаѓања можат да се видат во резултатите на Бугарија, Бурунди, Малдиви, Норвешка и Велика Британија.
Слично на ова, статистички значајни подобрувања од последната година можат да бидат препознаени во Албанија, Кипар, Грузија, Нигерија, Оман, Катар, Јужна Кореја, Тонга и Турција.
Зајакнување на надзорот и одговорноста
Дали во земји со високи или ниски приходи, предизвикот за владеење со корупцијата бара функционирање на општествените и владините институции. Посиромашните земји се многу често измачувани од корумпирани судства и неефективен парламентарен надзор. Богатите земји пак, покажуваат докази за недостаток на регулатива во приватниот сектор, во услови на соочување со надворешна корупција од нивните земји, и слаб надзор на финансиските институции и трансакции.
“Поттокнувачката корупцијата побарува силен надзор низ парламентите, спроведување на правото, независни медиуми и силно граѓанско општество“, истакна Labelle. “Кога овие институции се слаби, корупцијата излегува од контрола со ужасни последици за обичните луѓе, и за правдата и еднаквоста на општествата пошироко“.
Глобалната борба против нерешителната сиромаштија
Во земјите со низок приход, нескротливата корупција ја доведува во опасност глобалната борба против сиромаштијата, заканувајќи се со попречување на Милениумските цели за развој на Обединетите нации (UN Millennium Development Goals). Според Глобалниот корупциски извештај на Transparency International од 2008, непроверените нивоа на корупција можат да додадат уште 50 билиони УСД (35 милиони евра) – или приближно половина од годишните глобални трошоци за помош – на постигнатите вредности од Милениумските цели за развој за вода и санитет.
Не само што овој со овој повик се сголемуваат залагањата на земјјите со низок приход, каде што богатството на значајните делови од популацијата виси со нерешителност, исто така повикува за пофокусиран и координиран пристап од глобалната донорска заедница за да се обезбеди помош за развиток и е создадено да се зајакнат институциите за владеење и надзор на замјите корисници, а таа помош минива низ нив и е утврдена против злоупотребата и подмитувањето.
Ова е пораката од страна на Transparency International која ќе се испрати до членките држави на Генералното Собрание на Обединетите Нации додека се приготвуваат за да се достигнат Милениумските цели за развој на 25ти Септември, и пред Конференцијата на Обединетите нации за Финансирање на разојот, во Доха, Катар, каде што обврзувањето за финасиска помош ќе се изврши.
Професорот Johann Graf Lambsdorff од Универзитетот во Пасау, кој што го изготвува Индексот за Transparency International, ги потенцираше катастрофалните ефекти од корупцијата и добивката од борбата против корупцијата, велејќи, “ Доказите покажуваат подобрување на Индексот од еден поен ( во скала од 10) го зголемува приливот на капитал од 0.5 проценти од бруто домашниот производ на една земја и просечните приходи од најмногу 4 проценти.
Корпоративна корупција и двојни стандарди
Ослабеното достигнување на некој од богатите земји извознички, со истакнати Европски опаѓања во Индексот за 2008, покажува понатамошно критично светло на владиното обврзување за владеење со несигурните методи на нивните компании во постигнување и раководење со надворешен бизнис, покрај тоа домашниот интерес за проблеми како што е улогата на парите во политиката. Продолжените појави на странски корупциски скандали покажуваат голем неуспех од најбогатите земји во светот со задоволување на ветувањата за заедничка одговорност во борбата против корупцијата.
“ Овој вид на двојни стандарди е неприфатлив и ги игнорира интернационалните правни стандарди“ истакна Labelle. “Покрај разорните ефекти на владеење на правото и јавната доверба, овој недостиг на решение го нарушува кредибилитетот на најбогатите нации во повикување за подобри акции во борбата против корупцијата од страна на земјите со низок приход“. Конвенцијата против корупцијата, која што ја криминализира надворешната корупција од страна на OECD компании, беше воспоставена уште од 1999 година, но употребата останала нерамномерна.
Регулативата е само пола борба. Вистинските промени можат да дојдат од интернационални задолженија од страна на бизниси од сите големини, и во земји во развој но ви во развиени земји, кои ќе донесат вистинско подобрување во антикорупциските примени.
Борба против корупцијата: општествен договор
Низ земјината топка, посилните институции за надзор, создаваат правни рамки и повнимателни регулативи кој што ќе обезбедат пониски нивоа или степени на корупција, дозволувајќи позначајно вклучување на сите луѓе во нивните општества, зајакнат развојни резултати и подобар животен квалитет за маргинализираните општества.