22.09.2008 Невладината организација "Транспарентност – нулта корупција", контакт членка на Transparency International, на ден 23.09.2007 (вторник) ќе одржи прес- конференција во Хотелот Континентал (казино сала), со почеток во 10 часот.
На прес- конференцијата ќе се презентираат резултатите од Индексот на перцепција за корупцијата (ИПК) во 2008 година којшто го објавува глобалната коалиција за борба против корупцијата – Transparency International.