07.10.2008 “Транспарентност –нулта корупција”, со финансиска поддршка од Владата на Кралството Норвешка, работи на проектот “Перманентен Aнти–корупциски мониторинг на клучните приоритети во EУ прет–пристапниот процес на Република Македонија”. Проектот е поддржан и од Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Собранието на Република Македонија, деловниот сектор на Република Македонија, преку учество на нивни претставници во управувачкиот одбор на овој проект.
Основната цел на проектот е да се воспостави систем на перманентно следење на состојбите со корупцијата во клучните сегменти на општественото живеење, изразени како клучни приоритети и услови, што Република Македонија треба да ги исполни за да го започне процесот на преговори за полноправно членство со Европската Унија.
Во прилог е првиот извештај од проектот:
tnk_zaklucoci_fokus_grupi_mk 222.95 Kb
“Транспарентност – нулта корупција”, како контакт организација и во соработка со “Transparency International”, за потребите на овој проект разви посебна методологија, која ќе овозможи да се развијат и квалитативни индикатори, преку кои ќе се следат суштинските промени и кои реално ќе го одразуваат напредокот во одреден клучен приоритет. Воспоставувањето на ваков систем, ќе има долгорочно позитивно влијание во борбата против корупцијата,а истовремено претставува и обврска на земјата за развој на функционална демократија (согласно превземените Копенхагенски критериуми и услови од Договорот за асоцијација и стабилизација).
Во прилог е првичниот извештај во кој се поместени излагањата на учесниците кои учествуваа во работата на фокусните групи. Ве известуваме дека ова не се конечни резултати, туку првично согледување на состојбите за одреден клучен приоритет. Резултатите од дополнителните истражувања, континуирано ќе ви ги доставуваме, со цел јавноста и институциите да биде запознаена и да даде свој придонес кон остварување на целта на овој проект.