20.10.2008 Коалицијата ,,Македонија Нулта корупција,, ги почна своите првични активности со одржување на трибините во Гостивар и Прилеп. Целта на овие трибини е запознавање на граѓаните со улогата на Коалицијата, детектирање на проблемите на корупцијата, односно охрабрување и вклучување на граѓаните во борбарта против оваа појава, како и други проблеми со кои се соочуваат овие граѓани во секојдневието на заедницата во која живеат.
На трибините учествуваа околу 60 претставници од разни невладини организации, локалната самоуправа, медиуми, како и други учесници од регионите на овие делови на Република Македонија.
Првата трибина беше одржана во Гостивар на 15.10 2008 година во организација на “Транаспарентнсот-Нулта корупција” и на организацијата домаќин “Месечина” од Гостивар, членка на Коалицијата.
Tрибината во Прилеп која беше одржана на 16.10. 2008 година беше организирана од “Транспарентост-Нулта корупција” и организацијата домаќин ,,Сфера,, од Прилеп, исто така членка на Коалицијата.
Уводно излагање во овие трибини имаше потпретседателот на "Транспарентост-Нулта корупција", М-р Сузана Салиу.
На трибините, учесниците отворено и храбро дискутираа за многу прашања и проблеми со кои тие се соочуваат при секојдневните контакти не само со органите на локалната самоуправа , него и пошироко во државата.
Како најсериозни проблеми граѓаните на овие региони ги истакнаа проблемите со урбанизмот, имотно-правните односи, невработеноста, и проблемите на непотизам при вработување, здравството, образованието, проблемите на младите и друго.
При одржувањето на овие трибини, особено треба да се нагласи активното и конструктивното учество на полицијата на Гостивар и Прилеп. На овој начин, учесниците на трибините имаа можност да директно да дебатираат и разменуваат мислења и искуства во однос на соработката на граѓаните со полицијата во пријавувањето на случаите на корупција.
Дискусиите и укажувањата на граѓаните во Гостивар и Прилеп, на Коалицијата “Македонија-Нулта корупција” ќе и користат како конструктивна насока при креирање на политиките на Коалицијата во превенција и борба против корупцијата.
Коалицијата “Македонија-Нулта корупција” е основана во месец септември 2008 година и во неа членуваат 18 невладини организации од целата територија на Република Македонија. Целта на Коалицијата е унапредување на демократските процеси во земјата и борбата против корупцијата.