29.10.2008 Додека светот се соочува со финансиски, енергетски кризи и кризи за храна и предизвици за владеење и одговорност за кој се зазема став, глобалната антикорупциска заедница се собира за 13тата Интернационална Антикорупциска Конференција која што почнува денес, 30ти Октомври 2008 во Атина.
Под транспарентот : “ Глобална Транспарентност : Борба против корупцијата за долготрајна иднина“, годишната ИАК (Интернационална Антикорупциска Конференција) ќе ја испитува постојаноста како предизвик за владеење и улогата на корупцијата во некои критични реони: мир и сигурност, природни извори и енергетски сектор, климатски промени и постојаната глобализација.
Придружувајќи се на разновидна група од 1300 учесници од сите региони од светот, истакнати говорници ќе имаат свое излагање, како : Неговото Величество Принцот El Hassan Bil Talal од Јордан, Ngozi Okonjo Iweala Директорот од Светската Банка Siim Kallas Заменик Претседателот на Европската Комисија, Kostas Karamanlis Премиерот на Грција, Irene Khan Генералниот Секретар на Amnesty International, Festus Mogae бивш Претседател на Боцвана и неодамнешен добитник на Mo Ibrahim наградата и George Papandreou Претседател на Socialist International и Претседател на ПАСОК. Интернационалната Антикорупциска Конференција, првпат одржана во 1983 година, еволуираше во водечки глобален форум на владеење и антикорупција. Конференцијата поттикнува соработка и иновација во развивањето на алатки за да се собори корупцијата, напаст која што продолжува да фаќа во стапица милиони во опасен круг на моќ, заканувајќи му се на постојаниот развој. Конференцијата ги спојува лидерите на сите земји, академици, експерти, граѓанското општество, претставници од бизнис секторот и владите, сите кои се вклучени во иновативната работа за превенција и борба против корупцијата во сите форми. “Објективноста на оваа конференција е да ја освежи антикорупциската работа со генерирање нови идеи, партнерства и понуди кој што можат да се поврзат со длабочината и комплексноста на корупцијата во 21 век“, истакна Barry O’Keefe, Претседател на Советот на ИАК. Huguette Labelle, Претседател на Transparency International додаде: “Мисијата на ИАК, е да најде антикорупциски решенија низ стратегија, размена и претпазливост, никогаш не била порелевантна за олеснување на сиромаштијата, оддалечувањето и конфликтот кој што корупцијата го предизвикува. Предизвиците за транспарентност и одговорност се огромни, но исто така голема е и посветеноста и креативноста на антикорупциската заедница која што е дојдена овде“.
Costas Bakouris, Претседател на Transparency International од Грција истакна: “Конструктивна дискусија за основата и начините за соочување со корупцијата во ера кога глобализацијата е неизбежна. Побудување на општествена свест и градење на коалиција од сите вредни сили е есенцијален противотров за корупцијата. Интернационалната Антикорупциска Конференција служи за таа цел“.