06.10.2008 Transparency International го поздравува новото нагласување на “антикорупцијата“ во новиот Извештај за напредокот на земјите за проширување во ЕУ оваа година кој што покрива осум земји. Transparency International ја поддржува целосната критична оценка од страна на Комисијата за нивоата на корупција во земјите кои што тежнеат за влез во Европската Унија, и нејзиното препознавање на слабиот напредок кој што бил направен во борбата против корупцијата.
“Малиот забележан напредок во борбата против корупцијата поставува загрижувачки преседан, доведувајќи го прашањето за способноста на државните институции да постигнат суштински и постојани реформи во сите области“ –изјави Miklos Marschall Директор на Transparency International за Европа и Централна Азија.
Покривајќи го напредокот направен во изминатите 12 месеци од секоја земја кандидат или потенцијален кандидат, извештаите, објавени на 05 Ноември 2008 година, ги вклучуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Слабостите кој што се нагласени од страна на Комисијата прикажуваат повторување во сите 8 земји со заклучоците и анализите на националните ограноци на Transparency International.
Transparency International ја изрази својата длабока загриженост која што се однесува на високото ниво на корупција во сите ЕУ земји кандидати или потенцијални земји кандидати, посебно во Македонија, која има кандидатски статус за влез во Европската Унија. Ниедна од земјите нема значително подобрување во антикорупциската евиденција.
“Европската Унија која што работи за своите граѓани мора да биде ослободена од корупцијата“, изјави Jana Mittermaier, Претседател на Канцеларијата на Transparency International во Брисел. “Борбата против корупцијата во секоја земја која што сака да се приклучи во ЕУ е прашање на интегритет на севкупната Европска Унија, и граѓаните да имаат право на отворени, веродостојни и отворени јавни институции“.
Во случајот на Босна и Херцеговина, извештајот на Европската Унија го нагласува недостатокот на спроведување на антикорупциската стратегија и дека не е направен напредок во борбата против корупцијата, иако ова се повторува во проценката на ТИ. Понатака, ЕУ го критикуваше политичкиот притисок кој неодамна се изврши врз Транспарентност Босна и Херцеговина во Република Српска, со кој канцеларијата беше присилно затворена.
За да се редуцира можноста за идни санкции во областа на корупцијата, како што се случи со Бугарија во Јули 2008 година, Transparency International продолжува силно да ја охрабри Комисијата за зголемување на партиципацијата на граѓанското општество во прет-пристапниот процес. Ова ќе овозможи потранспарентен прет-пристапен процес, и јакнење на организациите на граѓанското општество со можност да бараат од нивните влади одговори.