03.12.2008 Најголемата инвестиција во енергетскиот сектор е на пат да пропадне. Станува збор за изградбата на две хидроцентрали на Црна Река проект за кој беа заинтересирани две големи европски компании.
Владата го поништи тендерот за изградба на Чебрен и галиште поради пропусти во тендерската процедура. Со вакво објаснување е доведена во прашање инвестиција од околу 700 милиони евра.
За учество во проектот се пријавија германски „РВЕ“ и австриски „Вербунд“. Понудите беа отворени уште во април кога работите застанаа.
Деновиве Владата ги известила понудувачите дека тендерот ќе биде повторен. Странските инвеститори, според нивните овдешни претставници, биле затечени од ваквиот потег, особено што станува збор за значајна инвестиција во енергетскиот сектор во услови на глобална криза кога инвеститорите се повеќе се воздржуваат од вложувања.
Според информациите на А1, станува збор за стари податоци за хидропотенцијалот во тиквешието кои по грешка им биле презентирани на странците.
Официјалното објаснување со извинување до потенцијалните инвеститори го соопшти министерот за економија Фатмир Бесими.
Извор : А1 ТВ