24.12.2008 Во рамките на проектот „Култура на законот наспроти корупција“, “Транспарентност- нулта корупција” организира тркалезна маса која ќе се одржи на 25.12. 2008 (четврток) во хотелот „Континентал’ во Скопје со почеток во 12 часот.
На тркалезната маса ќе присуствуваат директори, наставници и претставници од родителски одбори од средните училишта во Скопје.
На тркалезната маса ќе се дискутира на тема “Начин на евиденција за присутноста на учениците”.
Целта на проектот е да го зголеми познавањето на јавноста со владеењето на правото и потребата од превенција на корупцијата во Република Македонија.