Во анкетата што ја спроведуваат Независната новинска агенција Макфакс и невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“ учествуваа 15 главни уредници на национални медиуми.
Според нив, најбистар настани во декември со седум гласа се сертификатите за добро корпоративно управување во 2008 година.
Најновите информации за аферата „Изгрев“ посочуваат дека МПЦ дала согласност за повеќе од еден кредит на браќата Миладинови и оти дел од парите се префрлени на нејзина сметка.
Одлука со која МПЦ се согласува „Изгрев“ да биде заложен кај измамената германска ЛХБ Банка за 4 милиони евра од февруари 2005 со печат на МПЦ и потпис на Димитар Белчовски, претставник на црквата, објави весникот „Вечер“. Црквата тврдеше дека нема врски со кредитите од германската банка, а нејзин претставник соопшти дека е дадена согласност само за еден кредит од Тутунска банка.
На второто место на листата на матните настани, со по два гласа, се два настани. Одлуката на Врховниот суд да ја поништи пресудата за случајот „Армиско оружје“ поради сериозните пропусти во изготвената првостепена пресуда, како и суспендирањето на истражниот судија во Велес, Валентин Зафиров од страна на Судскиот совет. Зафиров обвини дека Советот незаконски му одзел предмет за убиство на жител на селото Ореше.
Најбистар настан во декември се сертификатите за добро корпоративно управување во 2008 година, што по повод Светскиот ден за борба против корупцијата – 9 декември им беа доделени на 20 македонски компании, банки и осигурителни друштва. Изборот го извршија „Транспарентност – Нулта корупција" во соработка со Стопанската Комора на Македонија и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.
На второ место на листата на бистри настани со шест гласа е владината одлука да го поништи тендерот за изградба на две хидроцентрали (Чебрен и Галиште) на Црна Река поради пропусти во тендерската процедура.
Анкетата „Бистро – Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година.