14.01.2009 Македонија е 78-та на Индексот за економската слобода за 2009 година, објавен од Херитиџ фондацијата и Вол Стрит Журнал.
Ова преставува пад од седум позиции во споредба со листата од минатата година, кога Македонија го зазеде 81 место.
Просечната оценка на Македонија е 61,2 на скалата на која максималната оценка е 100, што претставува напредување од 0,2 поени во споредба со лани.
Водечката позиција и оваа година ја задржа Хонг Конг, кој е оценет со 90 поени, следат Сингапур (87,1), Австралија (82,6), Ирска (82,2) и Нов Зеланд (82).
Од земјите од регионот, најдобро е оценета Бугарија, која е рангирана на 56 место. Следат Албанија (62), Словенија (68), Грција (81), Црна Гора (94), Србија (109), Хрватска (116) и Босна и Херцеговина, која се најде на 134 место.
Во истражувањето Македонија доби многу високи оценки за фискалната (89,4) монетарната (85,4), и слободата на тргување (81,6).
Ниски оценки, кои значат лоши сигнали за бизнис, Македонија доби во делот на заштита на сопственоста (30) и степенот на корупцијата(33).
Средни оценки државата доби во категориите слобода за инвестициите (50), водење на бизнис (58,2) работничките права (59,8), финансиска слобода (60) и економското работење на владата (65,2).
На дното на листата се Еритреја, Бурма, Куба, Зимбабве, а Северна Кореја е државата каде економската слобода е најмала во светот.
Во истражувањето за оваа година, не се оценети Авганистан, Ирак, Лихтенштајн и Судан.
Извор: Макфакс