05.03.2009 Здружението на граѓани “Транспарентност – Нулта Корупција“ (ТНК) ги известува сите граѓани на Република Македонија кои имаат притисоци од било кој облик, поврзани со гласањето на претстојните локални и претседателски избори, дека можат анонимно да пријават на телефонскиот број 02/3217-000 или на веб страната на ТНК – www.transparency.org.mk
Овие анонимни јавувања на граѓаните ќе послужат за анализа на изборниот процес во целина.