13.03.2009 Во рамките на активностите за мониторирање на претстојните претседателски и локални избори кои во Република Македонија ќе се одржат на 22 март 2009 година, претседателот на Транспарентност-Нулта корупција Доц. д-р Слаѓана Тасева оствари средба со претседателот на Советот за радиодифузија на Република Македонија, г-дин Зоран Стефаноски.
Средбата беше одржана на 13.03.2009 год. (петок), во просториите на СРД.
Главна тема на средбата беше следењето на изборниот процес кој процес претставува голем предизвик на Република Македонија кон процесот на Европските интеграции.
.
Во средбата беше нагласено дека успешното мониторирање на изборниот процес подразбира доследно следење на претстојните избори од сите релевантни субјекти кои имаат овластувања да го следат овој процес. Независните и самостојни институции како што се СРД (како независно регулаторно тело) и невладините организации како што е ТНК, играат важна улога во објективното следење и оценување на изборите. Двете страни се согласија дека воспоставената блиска соработка ќе ја зголеми ефикасноста на доследното следење на овие претседателски и локални избори. Повеќе, што овие избори се ставени под лупата на меѓународната заедница како никогаш досега во Република Македонија. Затоа, одржувањето на фер и демократски избори, со почитување на европските стандарди е заедничка заложба на овие две независни институции.
Воспоставената соработка помеѓу ТНК и СРД меѓу друго опфаќа отворена и транспарентна размена на информации за целиот изборен процес.
На средбата учествуваа и блиските соработници на претседателите на ТНК и СРД.
Двете страни се согласија дека оваа блиска соработка меѓу ТНК и СРД треба да биде потврдена и со формален акт-меморандум за соработка кој ќе биде потпишан овие денови од страна на претседателите на ТНК и СРД.