Како најсоодветна метода за собирање на податоците, а во исто време зачувување на анонимноста на респондентот, беше одбран телефонскиот контакт при избор на случајни телефонски броеви. За потребите на спроведувањето на анкетата беа формирани два тима: тим на анкетари, што помина соодветна куса обука за целите, методите и начинот на проведување на анкетата, и технички тим, што ја презеде обработката на добиените податоци.
Анкетните прашања, вкупно девет на број, беа поделени во две групи. Во првата група се наоѓаа четири прашања со генерален демографски карактер, додека во втората група прашања влегоа петте прашања сврзани конкретно со проблематиката на анкетата. Од 584 респонденти на целата територија на Република Македонија, со кои што анкетарите остварија контакт, се согласија да одговараат на прашањата 380 респонденти, додека 204 респонденти одбија да одговорат на прашањата.
На прашањето Дали Република Македонија треба да влезе во ЕУ, 86% од испитаниците одговориле позитивно.
На прашањето: Дали Република Македонија треба да исполни одредени услови за да започне преговори за членство во ЕУ?, 56% од испитаниците одговориле со да, 27% одговориле со не и 17% со незнам. Овој процент на ДА одговорот вкрстен со процентот на потребата Р. Македонија да стане членка на ЕУ уште еднаш ја потврдуваат констатацијата дека граѓаните не се доволно информирани кои се вистинските ( реални ) приоритети за членство во ЕУ и кои се обврските на Република Македонија кога би била член на ЕУ.
На прашањето: Дали знаете кои клучни услови/приоритети треба да ги исполни за да ги започне преговорите за членство?, Над 53% од испитаниците одговориле со не (19%) и не знам 34%) односно не ги знаат клучните услови кои требаат да се исполнат што е во согласност со одговорите на претходните две прашања. Од друга страна 47% одговориле со да, односно дека ги знаат клучните приоритети.
Вкупно 232 испитаници ( 380 – 148 ) не одговориле или не знаат ниту еден приоритетен услов а од друга страна скоро сите сметаат дека Р. Македонија треба да е членка на ЕУ. Тоа јасно покажува дека јавноста е недоволно информирана и инволвирана во процесот на пристапување за членство.
На прашањето:. Дали знаете кои клучни услови/приоритети треба да ги исполниза да ги започне преговорите за членство?, од посочените одговори испитанице во најголем дел се определиле за: Прашањето на името 82; Прашањето на судството 62; Економски прашања 40; Корупцијата 38; Полиција 17; Човекови права 15; Фер и слободни избори 15; Прашање на администрацијата 11; Прашање на здравството 11; Соодветно законодавство 10 и тн.
На прашањето: Дали сметате дека Владата добро работи зада ги исполни овие приоритети?, 58% од испитаниците одговориле со ДА, 23% со НЕ и 19% со незнам.
Со почит,
Транспарентност – Нулта корупција