Ова е резултатот од анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“, во која учествуваа 16 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија.
Името на Арнаудов се најде на списокот со помилувани осуденици потпишан од претседателот Ѓорге Иванов, објавен во Служен весник. Претседателот на бившиот прв човек на ЕСМ, кој е осуден на 4 години затвор, му ја намали казната за десет месеци.
Кабинетот на претседателот објаснуваше дека било предложено затворската казна на Арнаудов да биде намалена за една година, а Иванов се одлучил за скратување од 10 месеци. Случајот заврши со повлекување на одлуката за помилување, образложено како „технички пропуст“.
Три „матни“ гласа доби оценката на „Фридом хаус“ за политички зависни медиуми, слабо судство и висок степен на корупција, а еден глас добија неправилностите во судењето против екс министерот за одбрана Љубен Пауновски, наведени од Хелсиншкиот комитет.
Меѓу бистрите настани, победа со 15 гласа оствари поништувањето на тендерот за двокатни автобуси за скопскиот јавен превоз. Надлежните соопштија дека понудениот рок од страна на избраниот кинески понудувач за испорака на првите 100 автобуси во рок од 12 до 18 месеци по склучувањето на договорот, не одговарал на барањата од тендерот.
Во врска со тендерот и прифатената цена за автобусите имаше силни реакции од страна на јавноста, медиумите и опозицијата.
Еден „бистар“ глас доби воведувањето електронски владин систем за управување на документи.
Во анкетата „Бистро – Матно“ учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Телма, Сител, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вест, Вечер, Дневник, Лајм, Нова Македонија, Утрински весник и неделниците Глобус и Фокус.