25.08.2009 Транспарентноста во работењето на судовите, односно поголемата комуникација на овие институции со граѓаните, може да ги врати авторитетот, достоинството и угледот на судскиот систем, беше заклучокот од работната средба на претседателите на сите судови во државава.
– Ако граѓаните на Македонија како даночни обврзници го финансираат работењето на судовите и ако судските одлуки според Уставот се носат од нивно име, тогаш тие во секој момент имаат право да знаат какви одлуки носат судовите и зошто се носат такви одлуки. Подолг период судовите беа критикувани за својата затвореност и притоа се стекна општо убедување дека во судовите се работи зад затворени врати, дека се носат некакви чудни одлуки, иако сите знаеме дека одлуките на судовите не се носат во еден степен и подлежат на контроли – рече Вангеловски.
Претседателот на Апелацискиот суд во Скопје, Јордан Митриновски, укажа дека има потреба канцелариите за односи со јавноста да бидат поставени на самиот влез на судовите за олеснување на потребите на странките.
Извор: Нова Македонија